За само 60 секунди научете вештина со која полесно ќе помните имиња (но и сè останато!)
Подобро помните лица отколку имиња? Ако е така, припаѓате на поголемиот дел од луѓето во светот. Тоа е така затоа што полесно го помниме она што можеме да го визуализираме, а токму на тоа се базира и тестот од 60 секунди кој ќе ви помогне да ја подобрите вашата меморија.
Луѓето сѐ послабо помнат, а тоа е и научно докажано. Виновникот за тоа е технологијата, односно смартфоните во кои можеме да ја пребараме секоја информација. На тој начин им препуштаме на телефоните да помнат наместо нас. Експертите сметат дека доброто помнење е еден од најважните квалитети за успехот во животот, бидејќи без добро помнење не можеме да имаме организациски вештини кои се потребни за напредување.
Добра вест е дека помнењето можеме да го тренираме благодарените на техниката која ја осмислил американскиот академик и лумен за развивање на меморијата, Честер Сантос.
Основниот принцип на Сантосовата техника е подобрување на помнењето е визуализацијата. Луѓето многу добро го помнат она што го гледаат, па ќе ви помогне доколку нешто што треба да го запомните, прво го претворите во слика во својата глава. Затоа честопати слушаме дека некој помни лица, но не и имиња – името не може да се види, па не постои никакви визуелна референца за тоа.
Прво што морате да направите е да го визуализирате она што сакате да го запомните. Второ, тоа што ќе го видите или доживеете, да го направите некако поразлично за полесно да го внесете во вашата меморија. Ако влезе слон во вашата канцеларија, сигурни сме дека и тоа би го запомниле, зар не?
Честер Сантос понудил паметен трик со чија помош засекогаш ќе ги запомните случајно распоредените зборови. Прочитајте ги овие зборови, тргнете го погледот од екранот и проверете колку зборови сте запомниле по точен редослед:
- Мајмун
- Пегла
- Јаже
- Змеј
- Куќа
- Хартија
- Чевел
- Црв
- Плик
- Пенкало
- Река
- Дрво
- Кашкавал
- Паричка
Ако сте запомниле половина од зборовите од листата, спаѓате во просечните. Но со помош на приказната која следува, во која сите зборови од листата се поврзани во целина, полесно ќе ја запомните целата листа. Сантос во приказната вклучил и некои необични, апстрактни елементи, па затоа е полесно да ја запомните.
„Визуализирајте мајмун кој танцува и притоа прави звуци кои се типични за мајмуните. Потоа, мајмунот зема огромна пегла која почнува да паѓа, но е прицврстена за јаже (кое е грубо на допир) и кога ќе погледнете нагоре сфаќате дека другиот крај од јажето е прицврстен за змеј кој лебди во воздухот и е надвор од вашиот досег.
Змејот потоа паѓа на едната страна од вашата куќа и сфаќате дека куќата е целосно прекриена со хартија. Потоа го спуштате погледот и го гледате вашиот чевел, бидејќи сте сфатиле дека мириса многу лошо. Гледате во чевелот и сфаќате од каде доаѓа тој мирис. Мал црв исползува од чевелот, скокнува во пликот и одеднаш се отвора пенкало. Пенкалото започнува да пишува по целиот плик, а потоа скокнува во реката со силно прскање. Реката се прекршува на каменот, а потоа во дрвото. На дрвото расте кашкавал, а секое парче кашкавал исфрла паричка.
Обидете се повторно да ја кажете листата со зборови, овој пат без воопшто да ја погледнете! Успеавте да ги погодите сите зборови по истиот редослед? На кратко, трикот е во тоа што доста едноставните слики може да ве присетат на многу поширок концепт. Па, следен пат кога ќе запознаете нова личност, направете си навистина интересна приказна околу нејзиното име и никогаш повторно нема да го заборавите.
Како што спомнавме, помнењето треба да се тренира, а еве како да ја усовршите способноста за помнење.