За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!

За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!

Во април годинава ќе се одржи аукција на скелет на Тираносаурус рекс за прв пат во Европа. Швајцарска аукциска куќа Koller auctions со седиште во Цирих смета дека посмртните останки на тираносаурусот стар 67 милиони години ќе привлечат голем број заинтересирани страни.

За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!

„Ова е трет пат во цел свет како скелет со исклучителен квалитет е изложен на аукција“, е објавено на веб-страницата на аукциската куќа. Не е чудно што предвидуваат дека остатоците од Т-рекс ќе достигнат цена од околу еден милион швајцарски франци или околу 1,1 милион евра.

Опишан како еден од најспектакуларните Т-рекс скелети што постојат, примерокот познат по имеTRX-293 Trinity e долг 11,6 метри и висок 3,9 метри.

Повеќе од половина од коскениот материјал доаѓа од три примероци од тираносаурусите ископани помеѓу 2008 и 2013 година во Монтана и Вајоминг во Соединетите Американски Држави.

Аукцијата е отворена за сите заинтересирани, што предизвика големо негодување од страна на научната заедница која не верува дека таков вреден примерок треба да дојде во приватни раце. Дали тоа ќе се случи останува да видиме на 18 април оваа година за кога е закажана лицитацијата.

Тираносаурусите биле најголемите месојадни диносауруси во периодот на горна креда во Северна Америка кои изумреле пред 65 милиони години. Припадниците на овој род биле со тежина од околу 7 тони, а главата им била долга околу 1,5 метри.

Откако прочитавте за оваа необична аукција, можеби ќе сакате да прочитате и 13 митови за диносаурусите кои не се точни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар