За прв пат е потврдена техника за контролирање на соништата

За прв пат е потврдена техника за контролирање на соништата

За прв пат е потврдена техника која навистина предизвикува луцидни соништа, и може да биде уште поефективна доколку се комбинира со други техники. Повеќе од половина од испитаниците имале луциден сон, а ова е рекорден успех во овие истражувања.

(1)za-prv-pat-e-potvrdena-tehnika-za-kontroliranje-na-sonishtata-kafepauza.mk

Луциден сон е состојба во која сонувачот е свесен дека сонува и истовремено има контрола над сонот. Иако некогаш се сметало за мит, денес науката потврдила дека луцидните соништа навистина постојат. Тие откриле и некои методи кои го подобруваат искуството.

Некои од овие методи бараат навистина напредна опрема, додека други баш и не функционираат. Луѓето многу уживаат во овие соништа и тие се гледаат како потенцијални алатки за справување со траума и за контролирање на нездраво однесување. Доктор Денхолм Аспи почнал да се прашува дали комбинирањето на некои техники ќе резултира со поголем успех.

(2)za-prv-pat-e-potvrdena-tehnika-za-kontroliranje-na-sonishtata-kafepauza.mk

Во истражувањето на Аспи учествувале 169 доброволци. Тој им објаснил некои од техниките. Една од овие техники била луѓето постојано да проверуваат дали навистина се будни. Вториот метод, мнемонична индукција на луцидните соништа, вклучувал аларм кој ги будел испитаниците на секои 5 часа. Тогаш тие требало да си кажат: „Следниот пат кога ќе сонувам, ќе знам дека сонувам.“ Потоа продолжувале со спиење. Исто така испитаниците требало да си замислуваат како би било да го искусат луцидното сонување.

(3)za-prv-pat-e-potvrdena-tehnika-za-kontroliranje-na-sonishtata-kafepauza.mk

Аспи изјавил дека првиот метод, проверувањето, немало никаков ефект. Но, кога ги комбинирале и двата методи, 53% од испитаниците имале луцидни соништа во текот на истражувањето. 17% од нив имале луцидни соништа секоја вечер. Тој исто така споменал дека ова ги надминува сите претходно спроведени истражувања без користење маски кои ги осветлуваат очите на луѓето со цел да се забележи РЕМ фазата.

Приближно 55% од луѓето имаат барем еден луциден сон во текот на животот. Самиот Аспи се заинтересирал за оваа појава откако имал луциден сон додека бил мал. Тој се подготвувал за докторските студии за невербална комуникација, но се откажал уште на почетокот бидејќи тогаш имал уште еден луциден сон.

(4)za-prv-pat-e-potvrdena-tehnika-za-kontroliranje-na-sonishtata-kafepauza.mk

Повеќето сонувачи се будат многу брзо, но според Аспи со доволно искуство луцидниот сон може да трае и цел час. Тој бара нови волонтери за понатамошни истражувања и се надева дека ќе го пронајде вистинскиот метод. Тој смета дека луцидните соништа може да се применат во многу области, како справување со кошмари и слично.

Прочитајте и нешто повеќе за луцидните соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар