За мудроста и љубовта: 9 цитати од Блез Паскал за среќен живот

За мудроста и љубовта: 9 цитати од Блез Паскал за среќен живот

Блез Паскал (19 јуни 1623 – 19 август 1662) бил француски математичар, физичар и христијански филозоф. Тој бил дете гениј, чија најрана работа била во областа на природните и применети науки каде што направил значајни придонеси. Но, покрај својата генијалност, тој исто така имал и длабоко разбирање за душата на луѓето. Токму затоа пишувал дека во секој човек постои желба за подобар живот, среќа, убавина и хармонија. Еве како според него да ги постигнете овие нешта…

За мудроста и љубовта: 9 цитати од Блез Паскал за среќен живот

„Љубовта нема години, таа постојано се раѓа.“

„Паметниот човек никогаш нема да ви каже дека знае сè.“

„Оној кој говори само убави зборови има лош карактер.“

„Ако сакаме да успееме во овој свет, најпрво мора да поседуваме самодоверба, а потоа и самопожртвување. “

„Љубопитноста е само суета; понекогаш сакаме да дознаеме нешто само за потоа да можеме да зборуваме за тоа.“

„Целото наше расудување се сведува на тоа да им попуштиме на емоциите.“

„Срцето има свои причини кои разумот не ги познава.“

„Да знаете не значи и да бидете. Мора да се обидете наученото да го пренесете во секојдневниот живот.“

„Оној кој ја бара смислата на својот живот во духовното усовршување, не може да биде незадоволен, бидејќи тоа што тој го сака е секогаш под негова власт.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар