За добар почеток на училишната година: Направете сами уникатни патики во 5 бои

За добар почеток на училишната година: Направете сами уникатни патики во 5 бои

Летниот распуст трае уште малку, па затоа преостанатото време треба да го искористите на вистинскиот начин. Зошто, помеѓу останатото, да не направите нешто креативно? Доколку имате бели, платнени патики или пак, нови кои ви изгледаат досадно, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа идеја. Многу едноставно, сами можете да направите симпатични и уникатни патики, спремни за на училиште со кои ќе се издвоите од останатите.

1-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

Потребен материјал:
  • Бели, платнени патики
  • Фабрички бои (доколку ги сакате патиките од фотографијата, тогаш земете жолта, сребрена, црна и розова боја)
  • Четки за боење
  • Селотејп

2-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

Упатство за изработка:

1. Пред сè, ставете ги патиките на подлога која е заштитена со најлон или хартија. Измерете неколку сантиметри од врвот на патиките и обележете со селотејп, така што да биде еднаков од двете страни. Обојте го делот до селотејпот со црна боја.

3-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

2. Почекајте малку да се исуши бојата, па одлепете го селотејпот. На истиот начин, негова помош, обојте го жолто делот каде што стојат врвките, односно средниот дел од патиките.

4-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

3. Остана уште делот околу петата. Внимателно повлечете сребрена линија, исто, со помош на селотејп. Последниот дел обојте го со розова боја, исто како на фотографијата.

5-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

По желба, можете да изберете друга комбинација на бои. Водете сметка за тоа дека одредени бои не се водоотпорни, па добро распрашајте се или прочитајте го упатството пред да ги купите. После боењето, морате да почекате 24 часа пред да ги обуете.

6-bidete-spremni-za-na-uchilishte-ili-fakultet-od-starite-i-beli-patiki-napravete-novi-i-unikatni-patiki-vo-pet-boi-www.kafepauza.mk_

Веруваме дека нема да можете да дочекате да ги носите, како и во тоа дека никој друг нема да има патики како вашите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар