За добар почеток на денот: Кратки шеги кои без сомнение ќе ве насмеат
Убаво е ако можеме секој ден да го започнуваме со шега која ќе извлече насмевка на нашето лице. Па, потоа и денот ќе биде добар со нас и тој ќе ни се насмее. Можеби ќе ни се смее поради лошата фризура или шарената маица, но зарем е важно ако е од срце и без зла намера?
1. Знаете дека станува збор за вечерни вести кога тие почнуваат со „добро вечер“, а потоа продолжуваат да ви докажуваат зошто вечерта не е добра.
2. Од Бог побарав велосипед, но знам дека тој не работи така. Наместо тоа украдов велосипед и побарав опростување.
3. Врските се како алгебра. Гледате во вашиот Х и се прашувате каде е Y.
4. Смејте се на вашите проблеми, секако веќе сите други се смеат.
5. Порано бев нерешителен. Сега повеќе не сум сигурен.
6. Ако мислите дека никој не се грижи дали сте живи, обидете се да прескокнете неколку рати од кредитот.
7. Пијте кафе! Правете ги глупостите во животот побрзо и со повеќе енергија.
8. Имате два избора во животот: Да останете осамени и мизерни или да се стапите во брак и да посакувате да сте мртви.
9. Парите зборуваат… Но сѐ што моите знаат да кажат е „збогум“.
10. Две погрешни одлуки не прават една исправна. Земете ги вашите родители како пример.
11. Тимската работа е важна. Ви овозможува да обвините некој друг кога ќе биде потребно.
12. Го знаете она скокотливо мало чувство кое го имате кога ви се допаѓа некој? Тоа е само здравиот разум кој заминува од вашето тело.
13. Драг алкохолу, имавме договор со кој требаше да ме направиш посмешен, попаметен и пошармантен… Гледав видео… Треба да зборуваме.
14. Некои луѓе велат „Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“. Јас велам „Ако не можеш да ги победиш, победи ги“, бидејќи тие ќе очекуваат да им се придружите, па ќе го имате елементот на изненадување.
15. Интересно е како изјавата „треба да зборуваме“ всушност значи „треба да ме сослушаш“.
16. Ништо не го уништува петокот како фактот дека е вторник.
17. Славна личност е некој што цел живот се обидувал да стане познат, а потоа носи темни очила за да не го препознаат.
18. Ако треба да учиме од нашите грешки, тогаш зошто некои луѓе имаат повеќе од едно дете?
19. Не расправајте се со идиоти. Ќе ве спуштат на нивно ниво и ќе ве победат со искуство.
20. Токму во моментот кога мислите дека ќе ги споите двата краја, некој го поместил крајот.
21. Дали Гугл е жена? Бидејќи не ви дозволува да ја довршите реченицата без да ви понуди сугестии.
22. Нели е прекрасно да се живее во 21 век? Каде што бришењето на историјата е поважно од создавање нова.
23. Јас дефинитивно можам да чувам тајни. Но, луѓето на кои им ги кажувам не знаат.
24. Мојата работа е сигурна. Никој друг не ја сака.
25. Секогаш позајмувајте пари од песимисти. Тие нема да очекуваат да им ги вратите.
26. Чудниот момент кога излегувате од продавница без да купите ништо и сѐ што ви текнува е мислата: „Однесувај се нормално, ти си невин/а“.
27. Знаење е кога знаете дека доматот е овошје. Мудрост е кога нема да го ставите во овошна салата.
28. Материјализам: Купување нешта кои не ни требаат, со пари кои ги немаме, за да импресионираме луѓе кои не ни значат ништо во животот.