За да можеш да сакаш…
Што значи да се сака? Да се чувствува љубов? Погледнете од ова стрипче базирано на цитат од ирскиот писател Клајв Стејплс Луис, реазлизирано од Zen pencils.

Сакај кого било...

И твоето срце сигурно ќе биде згмечено. Веројатно и скршено.

Ако сакаш да остане неоштетено, не смееш да го даваш никому. Спакувај го внимателно со твоите хобија и мали луксузни работи. Не дозволувај да се заплетка во нешто.

Заклучи го во кутијата или во ковчеџето на твојата себичност. Но, во тоа ковчеџе - безбедно, темно, без емоции и без воздух - тоа ќе се промени. Нема да биде скршено. Ќе стане нескршливо, непробојно. Непоправливо...

Но, за да можеш воопшто да сакаш, мора да дозволиш да бидеш повреден.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasno i tolku vistinito
:)) <3