За да бидете оригинални треба да бидете поразлични! Заменете го традиционалниот букет со овие алтернативи

За да бидете оригинални треба да бидете поразлични! Заменете го традиционалниот букет со овие алтернативи

Ако наскоро треба да бидете невеста и ако сакате традиционалниот букет да го замените со нешто ново, несекојдневно и поразлично од останатите, тогаш погледнете ги овие алтернативи. Кога би се одлучиле за букет од свежи цветови, знаете дека тој ќе трае неколку дена. Но, рачно изработениот букет може да трае со години и секогаш кога ќе го погледнете ќе ве потсетува на најсреќниот ден од вашиот живот. Во зависност од тоа во кое годишно време ја планирате вашата венчавка, за вас издвоивме неколку интересни идеи за букети кои ќе ве направат оригинални и поразлични од останатите.

1-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

1. Прекрасни школки

Одлични за венчавка на плажа, но и за сите венчавки во летниот период. Школките се прекрасна алтернатива на традиционалниот букет. Тие доаѓаат во сите големини и форми, во разни бои и што е најважно, лесно се достапни. Украсете ги со разни ленти во боја и додадете некој свој детаљ.

2-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

2. Разлетани пеперутки

Венчавка во градина? Овој букет е разигран и има прекрасен излив од бои. Совршен е за во пролет. Побарајте вакви пеперутките во продавниците за украси и накит. Тие се многу лесни за креирање на букет. Среќно!

3-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

3. Разнобојни брошови

Ако успеете да го изработите, верувајте дека нема да зажалите. Овој букет ќе додаде малку повеќе „искри“ на вашата венчавка. Ако немате доволно брошови, замолете ги вашите пријателки да ви позајмат. Погрижете се после венчавката да им ги вратите. Со тоа, ќе имате мал детаљ со себе од секоја. Прашајте ги вашите пријателки за помош и забавувајте се!

4-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

4. Снежни шишарки

Ако вашата венчавка е во периодот есен-зима, погрижете се да соберете шишарки. Овој букет е многу лесен за изработка и нема да одземе многу средства од вашиот буџет. Во него има елементи на природата.

5-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

5. Прецизни оригами

Овој букет е најтежок и одзема најмногу време од сите останати букети на листава. Но, ако имате желба и добро се снаоѓате во изработувањето на оригами, тогаш ова е вистински предизвик за вас. Резултатот ќе ви го одземе здивот. Ова ќе биде предмет кој гордо ќе го покажувате и на кој ќе се сеќавате засекогаш.

6-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

6. Макси цвет

Ова е еден необичен букет. Не е традиционален, но е енергичен исто како свежиот букет. Можете да ја прилагодите бојата за да се совпаѓа со букетите на вашите деверици. Секако, нивните букети ќе бидат помали. Па, затоа повикајте ги и имајте забавно попладне. Бонус е тоа што не е потребно многу материјал.

7-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

7. Волшебни цветови од ткаенина

Ист букет како свежиот, но цветовите се направени од ткаенина. Овој букет ќе трае засекогаш. Ако сакате да постигнете подобар ефект, искористете ткаенини како свила или сатен, бидејќи тие го имитираат нежниот ефект на цветовите. Уште една придобивка од овој букет е тоа што е лесен и обликот може да се прилагоди за тој да изгледа волшебно.

8-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

8. Новогодишни лампиони

Дали некој кажа венчавка во зима? Доловете ја вашата зимска бајка со букет изработен од новогодишни лампиони. Кога светлината ќе допре до нив тие ќе засветкаат и ќе направи да изгледате магично. Овој букет е деликатен, но тој засветкува на секој ваш потег којшто ќе го направите.

9-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

9. Цветови со мазна површина

Последен, но исто така многу интересен. Потребен ви е филц материјал, за да ја задржи формата и структурата на цветот. Ова е прекрасна идеја и добра можност за вас да ја покажете вашата креативност.

10-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар