Времето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживееме

Времето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживееме

Кога некому ќе кажеме дека времето ги лечи сите рани, всушност не правиме голема разлика и не нудиме толку добар совет колку што мислиме, иако секој ќе разбере дека ние сакаме само да помогнеме и немаме лоши намери. Да сакаме да утешиме некој кој ни е близок пријател, познаник или семејство е нешто човечно и искрено и е она што докажува дека хуманоста никогаш нема да исчезне. Нам ни се потребни туѓи раце кон кои ќе можеме да ги подадеме нашите и слободно да кажеме дека сме тука ако сме некому потребни.

Времето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживееме

Но, времето не ги лечи сите рани и, колку и да простува, тоа нема да дојде како еден магичен лек кој трајно ќе ги израмни сите ментални нерамнини и ќе ги избрише грешките. Ако повредата била длабока, тогаш ќе остане како лузна. Времето не е лек, но тоа не значи дека нема една важна намена. Поради него, ние учиме како да продолжиме да се движиме напред. Да застанеме на вистинскиот пат, иако претходно малку сме го изгубиле правецот. Но, движењето нанапред не е исто со бришењето на минатото.

Движењето нанапред е откривање на начинот на кој можете да ја препознаете и да научите да ја почитувате вашата болка и повторно да ги пронајдете добрите делчиња од животот. Можеби изреката дека она што нема да ве убие ќе ве направи посилни не е толку веројатна како што сака нашата психа, но сигурно ќе нѐ научи како да преживееме. Ќе нѐ научи како да ја трансформираме нашата тага во нешто конструктивно или како да ја прифатиме таква каква што е и да се соочиме со неа, бидејќи и таа е во ред. Не треба да заборавиме дека и вака можеме да ја покажеме нашата сила.

Мантрата е едноставна: Преживувајте и кога е возможно, стремете се.“ Успехот доаѓа од распознавањето на сопствените чувства и препознавањето на правилните и вистинските моменти кога треба да ризикуваме и да се осмелиме да се стремиме кон повеќе, како и оние моменти кога само треба да останеме во позадина и да продолжиме да преживуваме.

Кога ќе поминете низ некоја голема загуба или болка, не можете да очекувате дека времето ќе дојде и ќе замавне со своето магично стапче, иако тоа може да изгледа како полесниот начин за справување со ситуацијата. Држете се до сеќавањата, дури и до ние кои болат. Носете ги со себе и спознајте ја нивната вредност. Вашата болка е исто толку важна како и радоста и времето не ви е потребно за да се ослободите од неа. Само треба да продолжите напред, да се стремите и пред сѐ да живеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар