Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

Полиците се едни од најинтересните детали во секоја просторија. Тие не мора да бидат големи, но сепак ја красат просторијата и ѝ даваат посебна топлина. Сигурно во магазините ги имате забележано оние мали полици кои изгледаат комплицирано и мислите дека ги нема никаде на продажба. Токму поради таа причина, за вас подготвивме неколку различни, интересни полици кои можете да ги направите сами.

1. Полица во необичен облик

Првата полица можете да ја направите од најобични, необработени дрвени летви со различна должина, кои ќе ги наредите во кој било облик.

2-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

2. Полица од фиока

За оваа полица можете да искористите некоја стара фиока, кутија, гајба од вински шишиња, мало буре и слично. Бојадисајте ја фиоката во омилената боја, прицврстете ја на ѕидот и тоа е тоа.

3-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

3. Полица во форма на триаголник

Едноставно, спојте три летви во форма на триаголник и прицврстете ги со шајки. Доколку сакате, можете да заковате уште една летва на средина, но не е задолжително. Уште подобро ќе изгледа ако на ѕидот закачите уште еден триаголник, веднаш под првиот, исто како на фотографијата.

4-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

4. Висечки триаголник

Оваа полица е слична како претходната, само што е неопходно на страните да направите уште две дупки и да провлечете јаже. Оваа полица е одлична доколку веќе имате некој предмет или закачалка, па нема да морате повторно да правите дупки во ѕидот.

5-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

5. Полица во вид на дрвен мост

Оваа полица има многу интересен ефект. За да ја направите, потребно е да издупчите по две дупчиња на секоја од летвите, а потоа да провлечете јаже низ секоја од нив. На крај, прицврстете ги на некој метален дел, а потоа на ѕидот.

6-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

6. Полица во вид на гранка од дрво

Подредете ги летвите формирајќи гранка од дрво. Не е неопходни сите да бидат од едно парче.

7-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

7. Полица во вид на пирамиди

Од картон со трапезоиден облик направите пирамиди и спојте ги на подлога од картон. Оваа полица е одлична за на ѕидот над работното биро.

8-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

8. Полица во вид на вага

Направете мала конструкција со помош на тенко јаже и 3 метални држачи. Провлечете го конецот низ летвите и вашата полица е готова.

9-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар