Време е за модно патување: Топ 10 најдобри градови за шопинг

Време е за модно патување: Топ 10 најдобри градови за шопинг

Есента е можеби вистинското време да избегате од дождот и студенилото и да ги споите вашите две омилени нешта – модата и патувањето. Ако и вие сте една од оние девојки кои со задоволство ги посетуваат трговките центри додека се на патување за да ги купат најубавите и најквалитетни парчиња облека од последната мода, тогаш земете го пасошот во рака и одберете еден од најдобрите градови за шопинг.

1-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_

1. Сеул, Јужна Кореја

Азија полека, но сигурно станува центарот на модните случувања. Во Сеул моментално можете да ги купите најдобрите производи за нега и убавина, а самиот град до нарекуваат престолнина на производите за убавина.

2. Бангкок, Тајланд

На пазарите можете да купите облека по многу пристапни цени, а самиот град има голем број трговски центри и бутици од реномирани брендови каде што се продава облека по многу пониски цени отколку во Европа.

3. Рим, Италија

Рим е близу, па доколку сакате да се облекувате во последна мода, ќе пронајдете сѐ што ќе ви посака душата во италијанската престолнина.

2-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_

4. Истанбул, Турција

За добар шопинг во овој град не е важно годишното време, а во Капали постојат над 4.000 продавници во кои можете да пронајдете буквално сѐ – од игла, до локомотива. Големо изненадување е тоа што овој град нуди сјајни попусти на производите од актуелната сезона.

5. Лондон, Англија

Лондон, како еден од светските центри на модата, секако е идеален за шопинг. На располагање ви се голем број шопинг улици, трговски центри и бутици, а за оние со „подлабок џеб“, сите светско познати креатори имаат свои претставништва во Лондон. Градот исто така нуди и големи распродажби каде и за „ситни“ пари можете убаво да се облечете. Најпознатите шопинг улици се Оксфорд, Регент и Бонд, а добар избор има и во делот од градот Сохо бидејќи таму исто така има продавници и бутици за сечиј вкус.

3-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_

6. Париз, Франција

Дури и со најскромните буџети, Парижаните се секогаш во тренд и секогаш се облечени во согласност со модата која е во тек. Затоа воопшто не изненадува фактот дека Париз се смета за глобален центар на модата. Покрај тоа што ги обиколуваат музеите и галериите, милиони луѓе доаѓаат во Париз само за да се снабдат со облека од најновата мода.

7. Милано, Италија

Уште еден центар на модната индустрија и град во кој можете да пронајдете модерна и атрактивна облека по поволни цени. Секако, ако имате многу пари за трошење, во Милано можете во секоја доба од денот да купувате роба од најпознатите светски брендови.

8. Хонг Конг, Кина

Големите трговски центри во овој град се многубројни, модерни, ги имаат сите познати светски марки и многу пријатен амбиент со ресторани и кафулиња кои се одлична станица за одмор од купувањето.

3-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_

9. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Дубаи е без сомнение еден од најголемите светски престолнини на луксузот и скапите работи.

10. Њујорк, САД

Шопингот во Њујорк овозможува и неизмерно задоволство на престојување во најубавиот град на планетата, а многу тврдат дека цените на облеката и обувките во овој град се пониски од очекуваното.

А, пред да се упатите во најблискиот трговски центар, секогаш имајте ги на ум овие совети за мудар шопинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар