Вредни, амбициозни, но и неуредни: Дали ги поседувате особините на типичен сопственик на мачка?

Вредни, амбициозни, но и неуредни: Дали ги поседувате особините на типичен сопственик на мачка?

За мачките се вели дека се таинствени, ладни и тврдоглави… Поради тоа и им одговара одреден профил личности со кој совршено се сложуваат. Па, проверете дали се вклопувате во овој вид профил…

1-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_

Сопствениците на мачки не се секогаш пресликани во своите миленици, туку често можат да бидат со потполно спротивни особини.

Личностите кои како миленик чуваат мачка, без разлика на полот, немаат многу слободно време и не сакаат да бидат целосно безгрижни и мрзеливи, дури и кога времето им го дозволува тоа. Сопствениците на мачки и не се баш претерано уредни. Всушност, кога чувате мачка во својот дом, после некое време ќе стане невозможно да го одржувате беспрекорен. Односно, наскоро ќе се помирите со фактот дека подот мора секогаш да биде полн со нејзините играчки, но и влакна.

2-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_

Сепак, овие личности се многу вредни, а може да се каже и дека се малку мазохистични. Честопати се нервозни, но добро работат под притисок. Тие едноставно не можат да се опуштат кога се не одмор или на излегување, бидејќи постојано мислат на обврските кои ги чекаат…

Сопствениците на мачки многу го ценат туѓото време, но не сакаат кога другите непотребно им го трошат нивното. Многу се амбициозни, а исто како мачките, го сакаат она чувство кога ќе го „фатат пленот“ и ги прави горди кога ќе успеат во своите долго планирани намери.

3-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_

Како и нивните миленици, така и сопствениците на мачките постојано поставуваат високи цели, а кога ќе ги исполнат, планираат следни.

Дали и вие се пронајдовте во особините на типичниот сопственик на мачка?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар