Вреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња
Еднаш многу одамна, во едно мало полско село наречено Залипие, некој нацртал цвеќе на таванот, со цел да ги покрие дамките предизвикани од шпоретот. Во тоа време вентилацијата била слаба, па дамки можеле да се забележат во повеќе куќи, па така и други луѓе почнале да ги покриваат со мали цвеќиња.
Брзо потоа сѐ во градот било покриено со цвеќиња, од куќите и плевните, до мостовите и црквите, а секоја пролет почнувајќи од 1948 година во селото се одржувало натпревар за обоени куќи познат како „Malowana Chata“.
Оригиналната цел на овој натпревар била Полска психички да заздрави од злосторствата кои ги претрпела за време на Втората светска војна.
Денес Залипие е далеку од тие мрачни времиња. Тој се наоѓа во југоисточниот дел на Полска, само 90 минути оддалечен од Краков и ова светло и разнобојно место е совршена локација за оние кои се во потрага по уникатно и забавно патување.
Погледнете уште интересни фотографии од ова необично село, на наредната страница…