Возењето мотори е поопасно одошто мислите!

Возењето мотори е поопасно одошто мислите!

Сите знаеме дека моторите се опасни, но најновите истражувања објаснуваат зошто е тоа така. Не постои сомнеж дека шлемовите за мотоциклисти спасуваат животи. Се проценува дека во 2013 година шлемовите спречиле 1.630 смртни случаи, а можеле да спасат и дополнителни 715 животи кога мотоциклистите би носеле шлем. Меѓутоа, постојат некои работи од кои шлемовите не можат да ги спасат мотоциклистите.

Возењето мотори е поопасно одошто мислите!

Резултатите од неодамнешните истражувања покажале дека мотоциклистите се невидливи за другите возачи. Истражувањето, објавено во списанието „Човечки фактори“ (Human Factors), истражило како појавата позната како „ненамерно слепило“ (неможноста на мозокот да регистрира неочекуван објект на видливо место) може да објасни зошто возачите на автомобили кои удриле мотоциклист тврдат дека воопшто не го виделе моторот.

Авторите на истражувањето се сомневаат дека овој тип судар може да се објасни со големината на моторот и неговата видливост.

„Додека возиме, нашиот мозок мора да се справи со голем број информации… Зачестеноста на ваквите судири е поврзана со начинот на кој мозокот ги филтрира добиените информации“, изјавиле истражувачите.

Со цел да ја тестираат нивната теорија, истражувачите собрале 56 волонтери и побарале од нив да разгледаат фотографии кои биле направени од перспектива на возачите. Меѓу нив имало и фотографија во која се појавува неочекуван објект, односно мотор или такси. Волонтерите требало да проценат дали фотографијата прикажувала безбедна или опасна ситуација. Резултатите покажале дека постои 2 пати поголема веројатност луѓето да не го забележат моторот, за разлика од таксито. Понатамошните експерименти дале слични резултати.

Истражувачите сакаат да го искористат ова истражување како основа за охрабрување и тренирање на возачите да станат посвесни за мотоциклистите во сообраќајот. Ако успеат да ги стават моторите на повисоко место во „радарот“ на возачите, можеби возачите ќе можат полесно да ги забележат.

Сепак, и возењето автомобил може да биде опасно, особено ако возите под дејство на алкохол. Прочитајте како полицијата знае дека возите пијани уште пред да ве сопре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар