Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Повеќето од нас застанале за да се „поздрават“ со некое куче, или пак застанале барем да го погледнат. Возачите на компанијата за достава UPS не се ништо поразлични. Всушност тие започнале прекрасна традиција каде што фотографираат кучиња што ги среќаваат додека се на работа. Дури креирале и Фејсбук група, „UPS Dogs“, каде што ги споделуваат искуствата и фотографиите.

Еден од овие возачи е Џејсон Хардести од Њу Орлеанс. Тој се опишува себеси како возач кој е лесно да се насмее, а тоа ќе го забележите и самите на неговите фотографии. Џејсон започнал да споделува фотографии од кучиња пред околу една година, користејќи го хаштагот #pupsofjay. Бидејќи луѓето сакаат кучиња и добри дела, не е ни чудо што идејата брзо се прославила.

Како што покажува Фејсбук групата, има многу возачи ширум Америка кои среќаваат кучиња и секојдневно се фотографираат со нив. Но не се појавуваат само кучиња, понекогаш има и елени, гуски, кози, овци, кокошки… Овие возачи навистина виделе сè. Во продолжение погледнете ги фотографиите на Џејсон, коишто сигурно ќе ви го подобрат расположението.

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Возач од UPS се фотографира со секое куче што го сретнува на работа

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар