Вовед во ајурведа: Дали сте вата, пита или кафа?
Ајурведа (Ајур – животна сила или енергија и веда – наука) е древна индиска наука која го проучува она што нѐ одржува живи и ни помага подобро да ја разбереме туѓата и својата уникатност. Кога имаме разбирање за неа, ние имаме физичка, ментална, емоционална и духовна рамнотежа. Според Ајурведа, сѐ што постои е составено од 5 елементи: Земја, вода, оган, воздух и етер и сѐ што постои, постои во нас во различни количини.
Кога прана – енергетскиот еквивалент на здивот, се меша со 5-те елементи, се формираат дошите. Постојат 3 доши: Вата, пита и кафа.
Вата
Вата се формира кога прана се меша со елементите воздух и етер. Вата владее со движењето. Се опишува како лесна, сува, светла, просторна, брза и ладна. Вата луѓето се слаби и или се многу високи или ниски. Имаат асиметрични физички карактеристики. Кога Вата луѓето се во рамнотежа, тие се креативни и лесно се адаптираат и одлично се снајдуваат со зборовите. Кога не се во рамнотежа, тогаш се плашливи и анксиозни.
Пита
Пита е составена од елементите оган и вода. Таа владее со нутрицијата, метаболизмот, телесната температура и варењето на храната. Таа се опишува како жешка, остра, лута и кисела. Пита луѓето имаат силен дигестивен систем и нивното тело е атлетски градено. Кота се во рамнотежа, Пита луѓето се интелигентни и паметни. Кога не се во рамнотежа, тие се тврдоглави и бесни.
Кафа
Кафа настанува кога прана се меша со земја и вода. Кафа се нашите коски, мускули, заби и сѐ што има цврстина во нашето тело. Се опишува како бавна, смирена, тешка, мрсна и ладна. Кога Кафа луѓето се во рамнотежа, тие се љубезни, грижливи и приземни. Кога не се во рамнотежа, тие се меланхолични и тешки и во тело и во ум.
Нашата конституција
Исто како што ги имаме сите елементи, така ги имаме и сите доши: Вата, Пита и Кафа, но во различни степени. Нашата доша се одредува во времето на зачетокот. Тоа е нашата конституција или нашата Пракрити со која што се раѓаме и таа никогаш не варира, исто како нашите отпечатоци. Повеќето луѓе се доминантни во две доши. Ретко е да се биде „тридошен“, односно да се има еднаква количина од сите три доши.
Нашата состојба
Викрити е нашата состојба. Во зависност од тоа каде живееме и општо начинот на живеење, нашата состојба може да излезе од рамнотежа. Која ќе ја сознаеме својата состојба, ние користиме храна, тревки, диети и промени во исхраната и секојдневието за да ја израмниме нашата конституција со нашата состојба. Во оној момент кога тие ќе се израмнат, ние ќе искусиме оптимално здравје и мир.
Рамнотежа на вашата состојба и конституција
Имајте на ум дека за да ја балансирате својата доша треба да ги прифатите спротивните квалитети. Дошите владеат и со годишните времиња и периодите. Како што доаѓаме во летните месеци, ние влегуваме во Пита сезоната. Ако физички се чувствувате претопло или сте тврдоглави и критички настроени, тогаш јадете манго со кокос или запалете свеќа со мирис на јасмин за да ја балансирате оваа доша.