Волшебни и чудни дрвја
.
„Секој ќе седи мирно под виновата лоза и под својата смоква.“ – пророк Михеј, глава 4, Библија
На крајот на овој пост може да размислите само да седите под винова лоза и под смоква, имајќи ги предвид сите овие дрвја кои ќе ги видите. Има многу фантастични растенија во светот кои пленат со својата егзотичност, убавина и миризливост. Ќе се согласите дека имаат и многу интересни приказни позади своите имиња.
.
- Веројатно, највонземско и мистично име има Змејското крваво дрво. Црвената смола која тоа ја испушта се користи за правење кармин, во локални ритуали и во алхемијата. Во вуду магиите се смета дека црвената смола привлекува љубов или пари (никогаш заедно), а се употребува и како освежувач за здив или паста за заби.
- Со право, дрвото Топовско ѓуле мора да оди со знак за опасност под него. Неговите плодови се големи како топовско ѓуле, па кога паѓаат може да ве повредат, а ако се поголеми од 10 инчи во дијаметар, можат дури и да ве убијат. Но, ако успеете да му се приближите, ќе ги забележите неговите волшебни цветови.
- Уште едно егзотично дрво со прекрасни цветови е Бомбакс, познато и како дрвото со свилен памук. Ова дрво спаѓа во фамилијата баобаб и потекнува од Индија. Неговиот цвет, кој има интензивно црвено обојување, ги разубавува улиците на Израел и Индија и од далеку изгледа како да е пластичен.
- Ова величествено дрво расте во форма на бонсаи, од само едно семе (лево). Од десната страна е прикажан Bombax Ellipticum во форма на оклоп од желка.
- Демонот на мртвите – замотан во бомбаксовите корења. Овој вид Бомбакс има застрашувачка приказна: според фолклорната легенда на народите од Тринидад и Тобаго, замокот на ѓаволот е големо свилино дрво кое расте длабоко во шумите, каде демонот Базил бил заробен од страна на дрводелец. Дрводелецот го намамил Базил да влезе во дрвото, каде што тој издлабил 7 соби една над друга, кои одат директно во ковчег. Според нивната легенда Базил сè уште е заробен таму.
Еве уште едно големо бомбакс дрво пораснато врз камбоџиски храм (лево), едно во парк во Индија (десно) и во Мексико (долу).
- Дрво-засолниште и движечко дрво – Го почнавме овој пост со седење под смоква. Еве една огромна смоква (Ficus benghalensis) која е карактеристична за Индија. Таму народот има култ кон ова дрво. Луѓето се движат под овие воздушни огромни корења кои можат да пораснат колку една цела населба. Всушност, ова дрво само по себе е шума.
Кога веќе зборуваме за воздушни корења (нозе на дрвото) мора да го спомнеме движечкото дрво кое со своите корења во форма на ногарки изгледа како да оди. Можеби кога ќе зајде сонцето навистина се движи? 🙂
- Африканско лале – Ова дрво се нарекува „оганот на шумата“ и е едно од најинвазивно растечките дрвја во светот, кое често се сади во урбани средини поради својата раскошност. Па, според претходното сознание, не е чудо ако овие дрвја, целосно го заземат градот. Дрвото има убава форма, а цветовите се опрашуваат со помош на лилјаци.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.