Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Шкотска е навистина магична земја, иако нејзините природни убавини не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете подобро оваа земја, покрај Единбург и Глазгов, би требало да ги посетите и овие дестинации.

Базенот на самовилите на островот Скај

Скај е романтичен остров кој изобилува со преубави пејзажи. Базенот, всушност, се состои од водопади со кристално чиста вода кои се сметаат како место за духовно исцелување. Постојат легенди дека тука се капеле самовили.

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Капелата Рослин

Бројни теории на заговор се врзани за оваа капела која датира од 15 век и се наоѓа во близина на Единбург. Местото зрачи со мистична енергија што го прави посебно привлечно за филмските режисери. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, темплари и раните христијани и е предмет на историски контроверзии.

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Финич Глен

Станува збор за клисура каде се наоѓа карпа со морничаво име – „Ѓаволска проповедница“. Местото изобилува со легенди за пагански ритуали и приказни за келтските друиди. Освен тоа, овде била снимана и серијата Outlander во 2014-та година.

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Гленко

Планината Гленко е место со морничаво минато – тука се одвивала егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал во 1691 година. Легендите велат дека нивните духови сè уште кружат, а нивните фантомски гајди се слушаат одвреме-навреме.

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Престолот на кралот Артур

Изгаснатиот вулкан кој се наоѓа во близина на Единбург според некои легенди се смета за местото каде се наоѓал Камелот, кралството на кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата била змеј кој толку многу се прејал што заспал и се претворил во камен.

Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

Откако прочитавте кои места морате да ги посетите доколку патот ве одведе накај Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате  и за градините на космичка шпекулација во Шкотска.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар