Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Мал, тропски остров со кристално бистра вода, риба, свежо овошје и зеленчук. Така изгледа Китава, рајско место во подрачјето на Папуа Нова Гвинеја. Познато е по здравата исхрана на неговите жители кои имаат големи придобивки од неа. Појавата на кардиоваскуларни болести и деменција се сведени на минимум, ретко страдаат од дијабетес и немаат акни.

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Доктор Стафан Линдеберг е еден од првите кој ги воочил медицинските предности на ваквата исхрана која е лесна, едноставна и полна со свежи, природни прехранбени производи.

„Забележавме дека генетиката на овие луѓе не е заслужна за нивното одлично здравје. Истражувавме и откривме дека сепак, главна улога има исхраната. Тоа е нашиот конечен заклучок“, изјавил доктор Линдеберг.

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Интересно е тоа што жителите на Китава не се многу физички активни, така што не може да се каже дека активниот начин на живот е заслужен за нивната здравствена состојба. Напротив, за тоа најзаслужни се следниве прехранбени производи…

Сладок компир

Китава е остров каде што се јаде сладок компир во големи количини. Тој е богат извор на витамин Ц и хранливи влакна, а помага и при регулација на инсулинот во крвта. Сето тоа доведува до блескав тен и добро здравје.

Кокос

Кокосот има многу влијателна улога во исхраната на луѓето од Китава. Тие го користат во сите можни облици: Свеж, пијат кокосова вода, а маслото го користат за готвење. Кокосот често се користи како извор на енергија. Тој ја зголемува издржливоста, здрав е за срцето и корисен за нормално функционирање на тироидната жлезда. Освен тоа, помага при подобро искористување на гликозата во крвта. На тој начин, го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Благодарение на големата количина калциум и магнезиум, тој придонесува за развојот на здрави заби и силни коски и ја забавува појавата на остеопороза. Исто така, ги ублажува воспаленијата и ја поттикнува регенерацијата и брзото зараснување на оштетените ткива.

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Риба

Рибата е многу корисна за организмот. Таа не само што содржи голема количина незаситени масни киселини кои ја спречуваат појавата на кардиоваскуларните болести што се борат против стресот и ја подобруваат концентрацијата, туку и претставува богат извор на минерални соли. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека, пак, слатководната содржи помалку натриум и јод.

Сите видови риби ги содржат витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се чувари на здравјето и правилната функција на нервниот систем. Рибата е богата и со калциум, но тој најмногу се содржи во крлушките. Нема да погрешите ако одберете скуша, лосос или харинга.

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

Од ова може да се заклучи дека сепак исхраната има најпозитивно влијание на здравјето. Не двоумете се повеќе дали да го смените начинот на исхрана и заборавете на изговорите! Бидете здрави како жителите на Китава, а ако имате можност не пропуштајте да го посетите овој волшебен остров.

Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Alex Reply

    Ne e do hranata ednostavno imat sreken zivot bez sekojdnevni problemi

Остави коментар