Волонтери им помагаат на мали желчиња да го најдат својот пат до морето
На 1 јули 2013 година, 112 морски желчиња започнале да се искачуваат кон своето гнездо. Тие излегле од своите јајца после 52 дена на Карипскиот остров Бонер. Во неодамнешно интервју за ABC News, Сју Вилис која е директор на Здружението за заштита на морски желки во Бонер изјавила:
„Оваа група бебиња-желки се родиле на плажа која е многу блиску до аеродромот. Откако желките ќе излезат од своите јајца, тие започнуваат да се движат кон најсилното светло кое го гледаат, кое најчесто е Месечината над океанот. Но, бидејќи светлото од аеродромот е премногу силно, тоа ги збунило желките и тие почнале да се движат во погрешна насока. Пред две години изгубивме цела група бебиња-желки бидејќи излегоа на прометен пат. За да се осигураме дека овие желчиња нема да тргнат во погрешна насока, направивме човечки ѕид од волонтери за да ги насочуваат. Како награда за нивната помош, волонтерите беа сведоци на еден од многуте неверојатни настани на природата“.
Главатите морски желки (Caretta caretta) се сметаат за загрозен вид и се под заштита на Интернационалната унија за зачувување на природата. Овие желки кои живеат во океаните се распространети насекаде низ светот и кога се целосно пораснати, во просек достигнуваат околу 90 сантиметри должина. Досега најголемата желка која е пронајдена од овој вид била со должина од 280 сантиметри. Возрасните морски желки тежат отприлика околу 135 килограми, додека пак најголемиот примерок досега пронајден тежел повеќе од 450 килограми. Во просек, тие живеат од 47 до 67 години.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.