Водич за организирање на вашиот фрижидер: Зошто не треба да го чувате млекото на вратата?

Водич за организирање на вашиот фрижидер: Зошто не треба да го чувате млекото на вратата?

Добро организираниот фрижидер е од витално значење за безбедно складирање на храната, а за таа цел треба да го погледнете овој едноставен водич кој ви го прикажуваме во продолжение, со чија помош ќе успеете да ја сочувате храната да биде свежа што подолго време.

Водич за организирање на вашиот фрижидер кој ќе ви овозможи храната да ја чувате безбедна што подолго време

Температура во фрижидерот: Поставете ја температурата во вашиот фрижидер помеѓу 1°C и 4°C, така што вашата храна ќе се одржува на 5°C или помалку. Никогаш не ставајте топла храна во фрижидерот, затоа што тоа ќе предизвика растење на целокупната температура, па ќе доведе до расипување на храната.

Чување на храната: Откако еднаш ќе бидат отворени, теглите со мармалад, сосови и слично, треба да бидат чувани во фрижидер. Зготвената храна треба да биде соодветно покриена, додека сировото место и рибата треба да бидат добро покриени и запечатени.

Распоред на храната во фрижидерот

Горни полици: Храна на којашто не ѝ треба приготвување, како сувомеснати производи и остатоци од ручекот или вечерата.

Средни полици: Млечни производи, како млеко, јогурт, сирење, путер.

Најдолни полици: Ова е најстудениот дел од вашиот фрижидер каде што би требало да го чувате сировото месо и рибата, при што на овој начин го намалувате ризикот од заразување со храната.

Фиоки: Зеленчукот, салатите и овошјето би требало да бидат сочувани во нивното оригинално пакување, а потоа ставени во фиоките каде што ќе бидат затворени. Ова исто така е добро место и за чување билки.

Полици на вратата: Ова е најтоплата област од вашиот фрижидер, а исто така е и најподложна на флуктуации на температурата. Овде чувајте храна која има природни конзерванси, како што се зачини, сок и слично, но не млеко, како што многумина го практикуваат тоа.

Водич за организирање на вашиот фрижидер кој ќе ви овозможи храната да ја чувате безбедна што подолго време

Дополнителни совети кои ќе ви бидат од корист

1. Колку што е можно повеќе држете ги одвоени едни од други сировата и зготвената храна и осигурете се дека нема да има капење од едната во другата.

2. Чистете го редовно фрижидерот, а за аглите може да ви послужи и стара четка за заби.

3. Не дозволувајте фрижидерот да фати премногу мраз.

4. Внимавајте свежата храна, како што е салатата, да биде што подалеку од задниот дел на фрижидерот, затоа што таму е поладно, па тие може да замрзнат.

5. Путерот и сирењето не треба да бидат чувани во најладниот дел од фрижидерот. Иако е препорачливо млечните производи да бидат чувани на средната полица, помеките млечни производи може да се чуваат и на вратата од фрижидерот.

6. Јајцата се најдобри кога температурата е конзистентна, така што препорачливо е да ги чувате на средната полица.

7. Чувајте одредени овошја и зеленчук надвор од фрижидерот, како што е авокадото, бананите, праските, крушите, сливите или доматите, затоа што тие може да предизвикаат одредени зеленчуци предвремено да се расипат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар