Водич од 1940-тите им објаснува на шефовите како да се однесуваат со вработените жени
Одделот за човечки ресурси е важен за секоја компанија. Тој ја води канцелариската култура и им покажува на вработените како да се однесуваат. Неодамна на површина испливал стар водич од 1940-тите, чија цел била да ги научи машките шефови како да се справат со жените кои се вработени кај нив.
Втората светска војна предизвикала поголема потреба за женска работна рака, особено во фабриките. Водичот со наслов „Кога сте надредени на жена“ ни дава увид во третирањето на вработените жени во 1940-тите и навистина ќе ве изненади.
Движењата #MeТоо и #TimesUp направија вистинска промена во индустријата, нагласувајќи ги сексизмот и сексуалното малтретирање кои се одвивале со децении. Интересно е што иако јазикот во овој водич е можеби мизогинистички, некои од точките покажуваат како всушност би требало да бидат третирани сите жени на работното место.
1940-тите создале нов вид работнички. Иако жените кои работеле не биле ништо ново, особено кај малцинствата и жените од пониските класи, жените од повисоките класи секогаш биле двоени. Разликата во половите не била единствената причина зошто на луѓето не им се допаѓале жените што работат. Депресијата предизвикала толку голема невработеност, што жените кои работеле изгледале како да им ги крадат работните места на мажите.
Иако повеќето мажи не сакале нивните сопруги да работат, побарувачката за работници била толку голема што работеле и жените со мали деца. Жените најчесто работеле „женски“ работи, а целосно мешање на половите имало само во фабриките.
Продолжува на следната страница…