Во која фаза била месечината на денот на вашето раѓање и што кажува тоа за вас?

Во која фаза била месечината на денот на вашето раѓање и што кажува тоа за вас?

Секој од нас поседува разни особини во зависност од фазата на месечината на денот кога сме биле родени. Знаејќи го ова, вие можете да го подобрите вашиот живот и полесно да донесувате одредени одлуки.

(1)shto-kazhuva-za-vas-fazata-na-mesechinata-na-denot-nakoj-ste-rodeni-kafepauza.mk

Првото нешто што треба да го направите е да ја откриете фазата на месечината на денот кога сте биле родени. Само напишете ја вашата дата на раѓање и ќе добиете слика од месечината на тој ден. 8-те фази на месечината се:

1. Млада месечина

2. Прва половина

3. Прва четвртина

4. Последна фаза на осветлување

5. Полна месечината

6. Прва фаза на затемнување

7. Последна четвртина

8. Последна фаза на затемнување

Карактери според фазата на месечината

1. Млада месечината

Ако сте родени под млада месечина, вие имате детско чудење и возбуда за животот. Вие сте отворени и демонстративни, размислувате и делувате спонтано. Со вашата позитивна личност секоја работа ја започнувате со многу ентузијазам. Вие сте најдобри кога создавате нови идеи и кога почнувате нови проекти. Вашата посветеност ве прави вреден и брз работник, но постои опасност да се изморите пред да ја постигнете вашата цел. Негативното кај вас е тоа што го гледате животот на субјективен начин. Веројатно ќе оставите белег во вашата младост, и ќе треба да научите како да го задржите тој импулс во текот на целиот живот.

2. Прва половина

Вие сте авантуристи исполнети со љубопитност за животот. Вашата креативност значи дека имате потреба да ги проширувате вашите разбирања, а истовремено ви помага да ги гледате проблемите од друга перспектива. Поради ова вие многу често сте „растргнати“ помеѓу конвенционалниот пристап и желбата да почнете нешто ново. Можно е да налетате на рестрикции за вашите планови, па ќе ви биде потребно да најдете начин да ги заобиколите со цел да ги остварите вашите желби. Вашите 20-ти и рани 30-ти години од животот, веројатно ќе бидат особено продуктивни и успешни.

3. Прва четвртина

Вие сте позитивни и имате силна волја. Активни сте и физички и ментално, па постојано сте во движење. Родени сте со ум кој сака да поставува прашања. Негативната страна на ова е што може да изгледате како да сакате да се карате или пак дека премногу барате. Користејќи ја оваа особина паметно, сепак може да ви помогне да најдете нови решенија за старите проблеми. Вие сте личност која сака да гради. Ако некогаш имате чувство дека сакате да рушите нешто, тоа е бидејќи сметате дека можете да го замените со нешто ново и подобро. Најголем успех ќе постигнете во 30-тите и раните 40-ти години од вашиот живот.

4. Последна фаза на осветлување

Луѓето родени во оваа фаза се смирени, грижливи и сакаат да им помагаат на другите. Ако сте родени во оваа фаза, вие се надевате дека во текот на вашиот живот ќе го направите светот подобро место за живеење. Свесно или несвесно, ова може да стане вашата животна мисија. Соочувањето со пречки ќе ви дозволи да созреете и ќе ви донесе исполнување и просветлување. 50-тите години од вашиот живот се периодот кога ќе ги препознаете своите потфати.

5. Полна месечина

Ако сте родени на средината на фазите, вашиот талент е да ги реализирате идеите. Вие сте надарени со логика, добар инстинкт и креативност. Негативната страна е тоа што можеби ќе страдате од чувство на вина и ирационални стравови, особено кога станува збор за врските. Само кога ќе научите да ги контролирате вашите чувства ќе најдете начин да уживате во врската. Вашите напори ќе се исплатат околу 40-тите години од вашиот живот.

6. Прва фаза на затемнување

Вашиот импулс е да сеете идеи и знаење кај другите за тие да можат да учат од вашите искуства. Посветени сте на своите идеали и сакате да го промените светот. Сепак, во вашите обиди да ги подобрите животите на другите треба да научите како да ја примените вашата визија според нивните потреби. Вашите рани 50-ти ќе ви донесат чувство на исполнување и мир.

7. Последна четвртина

Вашето разбирање, сочувство и зрелост ве прават одличен советник. Им помагате на другите да „маршираат“ низ нивните мисли, да ја прошират нивната свесност, да ги решат нивните проблеми и да ги средат нивните животи. Склони сте кон носталгија и меланхолија, па треба некои работи да ги оставите во минатото, а да се фокусирате на иднината. Мирот и исполнувањето ќе ги почувствувате во вашите доцни 50-ти.

8. Последна фаза на затемнување

Вие имате добра интуиција и знаете како да ја гледате големата слика. Имате внатрешна мудрост и мистично разбирање за природата и човекот. За вас секоја активност е повеќе духовна и интелектуална, отколку физичка. Веројатно ќе преживеете многу промени. Подоцните години во вашиот живот го држат клучот за вашата среќа и успех.

Погледнете ги и овие интересни верувања за магичната моќ на месечината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар