Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?

Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?

Њу Делхи во Индија е најевтината туристичка дестинација според анализата на британскиот туристички портал по име „Traveler’s elixir“, кој пресметал дека за петдневен престој во овој град потребни ви се околу 165 евра.

Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?

Просечните цени за сместување во Делхи се исклучително ниски – за ноќевање во хотел со три ѕвезди ќе ви требаат околу 17 евра, а во хотел со пет ѕвезди 169 евра. За споредба, за ноќевање во просечен хотел со пет ѕвезди во Монако ќе треба да одвоите шест пати поголема сума – околу 1100 долари.

Делхи има долга историја што може да се види од неговата неверојатна архитектура. Не смеете да ги пропуштите Црвената тврдина, споменикот Кутуб Минар и гробот на Хумајун. Згора на сè, треба да ја пробате локалната кујна, која е со многу разумна цена.

Порталот ја изготвил листата со најповолните туристички дестинации врз основа на цените на просечното сместување, храната, јавниот превоз во местото на живеење и туристичките атракции. Земјите се рангирани врз основа на просечната цена за петдневен престој на едно лице во одреден град.

1. Делхи, Индија, 165 евра за петдневен престој

2. Пном Пен, Камбоџа, 205 евра за петдневен престој

3. Катманду, Непал, 209 евра за петдневен престој

4. Тбилиси, Грузија, 227 евра за петдневен престој

5. Меделин, Колумбија, 232 евра за петдневен престој

6. Хо Ши Мин, Виетнам, 236 евра за петдневен престој

7. Чианг Маи, Тајланд, 260 евра за петдневен престој

8. Каиро, Египет, 263 евра за петдневен престој

9. Луанг Прабанг, Лаос, 265 евра за петдневен престој

10. Бангкок, Тајланд, 266 евра за петдневен престој

Откако прочитавте за најевтините туристички дестинации во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за 17-те популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар