Во кои држави луѓето работат најмногу?
Податоците од Организацијата за економска соработка и развој кажуваат дека Турците во просек работат 47,9 часа неделно, што е најмногу. Следни на листата се Колумбија и Мексико кои во просек работат по 45,2 часа неделно, и Костарика со 44,9 часа неделно. Во продолжение следува целосната листа со државите во кои луѓето работат најмногу според бројот на неделни часови.
1. Турција: 47,9 часа неделно
2. Колумбија: 47, 9 часа неделно
3. Мексико: 45,2 часа неделно
4. Костарика: 44,9 часа неделно
5. Чиле: 43,4 часа неделно
6. Јужна Африка: 43,1 час неделно
7. Израел: 40,6 часа неделно
8. Полска: 39,9 часа неделно
9. Унгарија: 39,6 часа неделно
10. Португалија: 39,4 часа неделно
11. Чешка: 39,4 часа неделно
12. Словачка: 39,2, часа неделно
13. Словенија: 39,2 часа неделно
14. Грција: 39 часа неделно
15. Латвија: 38,9 часа неделно
Податоците исто така покажале дека некои вработени можат да работат и над 60 часа. Над 20% од вработените во Турција работат повеќе од 60 часа неделно и речиси 12% од луѓето во Јужна Африка го прават истото, и покрај тоа што според законот се забранети над 45 часа неделно работење. Ова се 15-те држави каде што луѓето работеле над 60 часа неделно:
1. Турција: 20,9% од работната сила
2. Колумбија: 17,2%
3. Костарика: 16,7%
4. Мексико: 14,7%
5. Индонезија: 14,3%
6. Индија: 13,6%
7. Јужна Кореја: 12,8%
8. Јужна Африка: 11,8%
9. Грција: 11,7%
10. Јапонија: 8,2%
11. Аргентина: 8,1%
12. Чиле: 8,1%
13. Исланд: 7%
14. Нов Зеланд: 6,7%
15. Австралија: 6,1%
Дознајте и зошто вашиот работен ден треба да биде пократок.