Во кое годишно време сте родени? Тоа го открива вашиот карактер

Во кое годишно време сте родени? Тоа го открива вашиот карактер

Унгарски истражувачи успеале да најдат врска помеѓу годишното време, раѓањето и личноста, благодарение на конкретниот биолошки часовник и количината на дневна светлина во периодот на раѓање.

1-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Дури и ако не верувате во астрологија, неодамнешното истражување на Универзитетот во Будимпешта е претставено на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија и ја потврдува релацијата помеѓу овие три параметри. Оние карактерни особини и склоности кои се откриваат преку оваа врска се повеќе воочливи на возрасни години, одошто во детството.

Пролет

Родените во пролет имаат т.н. хипертимичен темперамент, кој ги прави попозитивни одошто луѓето родени во друго годишно време. Затоа пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и не им е потребно долго за да се загреат за некоја идеја. Не се претерано склони кон депресија, а често поседуваат некој уметнички талент.

2-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Лето

Луѓето родени во летните месеци имаат т.н. циклотимичен темперамент, кој ги прави посклони на чести промени на расположението, кои пак не мора да бидат предизвикани од нешто конкретно. Исто така, посклони се кон нервоза одошто луѓето родени во другите годишни времиња, а се смета и дека многу лесно се заљубиваат по природа. Често ја менуваат работата и прилично се склони на конфликти.

3-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Есен

И покрај дождот, паѓањето на лисјата и успивањето на природа, луѓето родени во есенските месеци најмалку се склони на депресија. Иако не им се припишува премногу позитивен туку повеќе рационален карактер, есенските деца имаат најмал ризик од појава на ментални нарушувања. Исто така тие се прилично физички активни.

4-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, т.е. најотпорни на емоционални стресови, а на тоа влијае количината на сонцето која ја имаат впиено за време на мајчината бременост. Се водат од разумот, повеќе одошто од чувствата, а се одликуваат и со постојаност во ставовите и целите.

5-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар