Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака
Hot Tub Cinema е уникатен начин на гледање филм во кино, за сите оние кои сакаат да ја соблечат својата облека пред да започне филмот и да седат само по костим за капење, опуштајќи се во топла бања. Како што е објаснето на веб-сајтот ова е „луксузен настан кој го прославува филмот на забавен и пријатен начин“. Настанот се одржува низ Лондон и делови од Велика Британија, во текот на целата година, во затворен простор во текот на есента и зимата и на отворено напролет и налето. Заинтересираните посетители на киното можат да ги грабнат нивните костими за капење и да купат еден билет или да ја резервираат цела бања, за да ја делат со своето друштво.
Како што сонцето почнува да заоѓа и воздухот почнува да се исполнува со пареа од топлата бања, гледачите имаат можност да си пијат коктелче и да се социјализираат со пријателите, додека уживаат во несекојдневното окружување и неверојатната глетка. 8 луѓе во една бања можат да се опуштат во амбиентот и да уживаат во добриот филм.
„Hot Tub Cinema“ бара од посетителите со себе да понесат практични работи, како костим за капење и апостолки, но воедно ги охрабруваат да носат и костими, смешни перики и чувство за авантура. Со план да започнат да се шират интернационално, прашање на време е кога ќе почнат вакви настани да се организираат и во САД. Звучи како забавен начин да се поминат летните ноќи нели?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.