Во духот на пролетната еуфорија
Конечно можеме да ја поздравиме пролетта – периодот од годината кој ја препородува замрената природа и ѝ дава интензитет на животната енергија во сите нас. Мистичното влијание на ова годишно време ни ги буди сите скриени пориви кои стрпливо тлееле додека студенилото владеело околу нас, давајќи ни чувство на бескрајни можности. Нека следните цитати ја разбудат пролетната еуфорија во вас и нека ве инспирираат да го искористите ова време најдобро што можете.
„Пролет е кога животот е жив во сè.“ – Кристина Росети
„Дојде прекрасната пролет, а кога природата ја обновува својата убавина, и човечката душа е подготвена повторно да заживее.“ – Хериет Ен Џејкобс
„Седи во тишина, не прави ништо, пролетта доаѓа, тревата сама расте.“ – Зен поговорка
„Април внесува младешки дух во сè.“ – Вилијам Шекспир
„Пролетта е омиленото годишно време на сите во светот. Сè е можно во мај.“ – Едвин Веј Тил
„Оптимистот е човекова персонификација на пролетта.“ – Сузан Џ. Бисонет
„Без сомнение, најголемата радост во пролет се децата кои тогаш излегуваат надвор.“ – Едгар Гест
„Со доаѓањето на пролетта, природата ни вели: Ајде да се забавуваме.“ – Робин Вилијамс
„Тоа е пролетна треска. Така се вика. Кога ќе те фати, сакаш, не знаеш баш што, но знаеш дека те боли срцето од што го сакаш толку многу.“ – Марк Твен
„Ја сакам пролетта насекаде, но кога би можела да бирам, секогаш би ѝ посакувала добредојде в градина.“ – Рут Стаут
„Науката нема пронајдено поефикасен лек за смирување од пролетниот сончев ден.“ – В. Ерл Хол
„Во пролет, љубовта се разнесува низ ветрот. Внимавај на летечките страсти и бакнежи кои ти фучат околу главата.“ – Ема Расин Дефлер
„Пролет – период на искусување на бесмртноста.“ – Хенри Торо
„Април го подготвува зеленото светло и така светот сфаќа дека треба да тргне.“ – Кристофер Морли
„Пролетта покажува што може Бог да направи од едноличниот и валкан свет.“ – Вирџил Крафт
„Денот кога Бог ја создал надежта веројатно е истиот ден кога ја создал и пролетта.“ – Берн Вилијамс
„Пролетта ги ослободува цвеќињата за да ја насликаат насмеаната земја.“ – Реџиналд Хебер
„Пролет е кога си свиркаш дури и додека чевлите ти се полнат со раскашавен снег.“ – Даг Ларсон
„Ниедна зима не трае вечно. Ниедна пролет не пропушта да дојде.“ – Хал Борланд
„Пролетта е будењето на земјата. Мартовските ветриња се утринското прозевање.“ – Луис Гризард
„Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.“ – Пабло Неруда
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.