Владо Јаневски низ стиховите, љубовните нишки и заплетените емоции...

Владо Јаневски низ стиховите, љубовните нишки и заплетените емоции…

Автор: Маја Николова

Владо Јаневски низ стиховите, љубовните нишки и заплетените емоции...

И денеска те молам
не заборавај да се сетиш на мене
затоа што
еден бакнеж и магија се стори,
а срцево мое капија ти отвори,
во таа чаирска романтика
кога ти кажав:
-не, не, не те сакам
ја те обожавам!

Знам дека што и да е ќе помине,
но оваа љубов спрема тебе
ќе се разгорува сè додека не те сретнам пак
некогаш и негде,
а до тогаш ќе останеш
моја тајна отровна
во срце што ја кријам.

А ти ќе речеш добра беше,
многу ме сакаше
и ќе згрешиш, фала богу,
тебе те сакам најмногу.

Ако не те сакам,
зашто ми е мака,
кога ноќ ќе падне и ќе помислам на тебе,
а тебе лесно ти е да ме оставиш
и без мене ти пак ќе постоиш.

А јас уште помнам
и во нас се колнам,
а ти забораваш
ко да вчера не ни било никогаш.

Но и тогаш ќе се најде некоја будала,
да го спомне ко на шала
твојто име,
а јас морам да се опијам со
црно тиквешко.

Затоа што,
кој не сакал,
тој не знае,
што е најтешко.

Прочитајте ги и најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар