Вкусни торти од зеленчук кои се одлични за десерт, но и за вашата диета
Наместо да се предозирате со шеќер, кога ќе каснете „торта од салата“, вие всушност ја добивате потребната дневна доза зеленчук. Митски Моријаси ги измислила салатите кои се одлична алтернатива на слатките печени задоволства. Можеби би помислиле дека овие торти се неприродни, но всушност се многу вкусни.
Наместо вообичаениот прелив со шеќер, тие се прекриени со тофу. Сунѓерестиот дел е направен од соја во прав, јајца и зеленчуково масло. Остатокот од декорациите се зеленчуци кои се обоени со помош на сок од цвекло или други здрави извори на течност.
Моријаси вели: „Изгледа како обична торта, само што е направена од зеленчук. Може да ја јадете за појадок, ручек, а сосема е соодветна и за вечера со чаша вино.“
Секоја торта има различен вкус, во зависност од употребениот зеленчук, но според Моријаси вкусот е како ништо што досега сме го пробале.
Таа првично била инспирирана да прави здрави ужинки за нејзините синови кои имаат алергии.
„Постојано имавме домашно подготвени оброци бидејќи сакав тие да јадат многу зеленчук, а да не внесуваат премногу шеќер. Потоа сфатив дека сакам да направам нешто што ќе изгледа слатко и истовремено ќе содржи многу зеленчуци. Па така, направив торта од зеленчук.“
Тортите од салата се исто така со ниска калориска вредност и безглутенски. Едно парче торта содржи само 193 калории. Споредбено, парче овошна торта има околу 420 калории.
Иако за многумина може да изгледаат како измама, мора да признаеме дека од овие торти и ние би сакале да вкусиме, и тоа по неколку парчиња одеднаш.
„Насладете“ се уште повеќе на следната страница.