Вистинското значење на некои зборови кои секојдневно ги употребуваме

Вистинското значење на некои зборови кои секојдневно ги употребуваме

Секој збор си има свое значење, но реалноста честопати покажува дека имаат и некое друго кое е поверодостојно од она што е запишано во лексиконите. Овие неколку зборови се пример за тоа.

vistinskoto-znachenje-na-nekoi-zborovi-koi-sekojdnevno-gi-upotrebuvame-kafepauza.mk

Ракоплескање – Кога сам си правиш „да пукне“ за нешто кое некој друг го постигнал.

Сиромаштија – Кога ти останал уште голем дел од месецот на крајот од парите.

Калории – Мали штетници кои живеат во орманот и ја стеснуваат облеката секоја вечер додека спиеш.

Учење – Уметноста на сурфање на интернет, гледање телевизија и јадење додека ти е отворен учебникот.

Стапала – Дел од телото кој служи за пронаоѓање ситни предметчиња во темнината.

1-Vistinskoto-znachenje-na-nekoi-zborovi-koi-sekojdnevno-gi-upotrebuvame-www.kafepauza.mk_

Годишнина од матура – Кога за 20 секунди сфаќаш зошто не си се видел со некој во последните 20 години.

Иронија – Кога на хартија црташ дрвја.

Мрза – Ризик да ти падне сè што носиш в раце само за да не се вратиш два пати.

Лате – „Плати превисока цена за тоа кафе“ на италијански јазик.

Професор – Човек кој ти помага да решиш проблем кој не би го имал без него.

Вистинското значење на некои зборови кои секојдневно ги употребуваме

Мобилен телефон – Направа која служи да не изгледаш осамен на јавно место каде што има многу луѓе.

Сингл маж – Човек кој вели дека жената е за во кујна.

Тимска работа – Можност да се релаксираш и да ги гледаш другите како работат.

Пријател – Еден од многуте странци на Фејсбук.

Домашно милениче – Некој кој на моменти е единствениот член од твоето семејство кој вистински го сакаш.

Вистинското значење на некои зборови кои секојдневно ги употребуваме

Хипстер – Некој кој е мејнстрим во овој момент.

Утре – Најдобриот момент да го сработиш она што треба да го сработиш денес.

Веб-сајт за здравје – Нешто кое настинката ќе ја претвори во смртоносна болест која ќе те убие за 24 часа.

Тинејџер – Возраст на која си премногу млад за да направиш половина од работите кои сакаш да ги направиш и премногу стар за другата половина од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар