Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет
Репутацијата што луѓето ја градат со години може да биде уништена само со една лоша објава на Интернет. Мора многу да внимаваме што објавуваме на Интернет и секогаш да размислиме пред да направиме нешто. Дури и работите што сме ги објавиле пред многу години може да им нанесат голема штета на нашата кариера и репутација. Прочитајте ги следниве вистински приказни за луѓе кои си ја загрозиле кариерата поради нивните објави на социјалните мрежи…
Хип хоп пејачка и нејзините навредливи изјави
Во 2016 година, американската хип хоп пејачка, Азелија Бенкс, го обвинила Пакистанецот Зајн Малик за плагијаризам. Таа го објавила тоа на Твитер заедно со некои навредливи коментари за неговата националност. Како резултат на тоа, нејзиниот профил на Твитер бил привремено блокиран, а Азелија била отстранета од лондонскиот музички фестивал Born and Bred. Кариерата на Азелија не беше целосно уништена, но помалку луѓе одат на нејзините концерти и нејзината заработка се намали.
Фудбалски тим и лоша метафора
Московскиот фудбалски тим Спартак објавил видео на нивната официјална страница во кое Георги Гикија снимил видео од бразилските играчи на Спартак и кажал „Погледнете ги чоколадите како се топат на сонцето“. Подоцна, објавата била избришана и менаџерите на тимот се извиниле поради овој некултурен коментар. Во секој случај, луѓето го запомнија ова. Британските весници и каналот Би-Би-Си објавија ужасни критики во кои го обвинија рускиот фудбалски тим за расизам.
Модел и нејзината многу стара објава
Британскиот модел од Пакистан, Амена Кан, требаше да биде првиот модел кој носи бурка и ќе стане заштитно лице на Л’Ореал. Кампањата никогаш не започна, бидејќи корисниците на Твитер ја потсетија Амена на нејзините постари навредливи изјави за Евреите и Израел. Девојката ги објавила овие коментари и потоа ги избришала во 2014-та година.
Непристојна шега за работно место
Во 2009 година, Американката Конор Рајли била на интервју за работа и добила понуда да работи за мултинационалната компанија Циско. Таа решила да ги сподели овие прекрасни вести со нејзините следбеници на Твитер и го објавила следново „Циско само што ми понудија работа! Сега ќе морам да ја споредам користа што ќе ја добијам од високата плата со секојдневните патувања до Сан Хозе и незадоволството од работата“. Твитот бил забележан од страна на некои вработени во компанијата кои искоментирале „Кој е менаџерот кој те вработил? Сигурни сме дека би сакал да знае дека ќе ја мразиш работата. Ние во Циско сме запознаени со мрежата.“ Работната понуда била повлечена.
Коментарите на една ѕвезда за продуцентот
Во 2011 година, американскиот филмски глумец и ѕвезда во ТВ серијата „Два и пол мажи“ (Two and a Half Men), Чарли Шин, напишал објава во која го навредил продуцентот на серијата Чак Лор со тоа што го нарекол кловн. Како резултат на тоа, менаџерскиот тим на серијата го отпуштил актерот. Токму поради „Два и пол мажи“ Чарли Шин важеше за најдобро платениот актер во американската телевизија.
Продолжува на следната страница…