Вистински приказни за луѓе кои се сеќаваат на претходните животи
Според многу истражувања, постои феномен познат како детска амнезија според кој луѓето не можат да се сетат на настани кои се одвивале пред да наполнат 2 или 3 години. Причината за ова е тоа што мозокот сè уште не е доволно развиен за да зачува такви сеќавања. Сепак, некои луѓе тврдат дека имаат сеќавања од овој период, па дури и порано.
Истражувањата укажуваат дека овие сеќавања не се вистински, туку се визуализација на приказните кои им ги раскажувале другите и фотографиите кои ги виделе. Психологот Џулија Шо тврди дека кога некој ќе каже дека се сеќава на нешто пред да наполни 2 години, тоа е лажно сеќавање. Но, постојат многу приказни кои не се совпаѓаат со ова верување. Можеби сте скептични и нема да верувате, но овие вистински приказни навистина ќе ве замислат.
1. Во претходниот живот бил жена по име Пам…
Оваа приказна е за претходни животи и реинкарнација. Една жена по име Ерика ја споделила приказната за нејзиниот син Лук, кој постојано тврдел дека во претходниот живот бил жена по име Пам. Пред да почне да зборува за неа, Ерика забележала дека син ѝ постојано бил загрижен за безбедноста. Друго нешто што ја зачудило било тоа што нејзиниот син сите работи ги нарекувал Пам. Кога го прашала зошто го прави тоа, тој ѝ одговорил:
„Мислам дека е убаво име.“
По некое време почнувал да кажува работи како:
„Кога бев девојка имав црна коса… Имав такви обетки кога бев девојка.“
Кога конечно го прашала што е целата работа со Пам, тој ѝ кажал дека тој всушност бил таа жена. Таа не знаела за што ѝ зборува сè додека не ѝ рекол:
„Бев Пам, но умрев. Отидов во рајот и го видов Бог. Тогаш тој ме турна назад и кога се разбудив бев бебе и вие ме крстивте Лук.“
Но, ова не е крајот на приказната. Ерика почнала да истражува и го прашала Лук како умрела Пам. Тој ѝ кажал дека имало пожар во Чикаго, и Пам морала да скокне од зградата и така загинала. Тогаш Ерика пронашла информации за пожар во хотелот Пакстон во Чикаго во 1993 година, каде што загинала жена по име Памела Робинсон.
2. Момчето кое го памети своето раѓање
Според оваа приказна, една жена по име Никол која била наставник ја имала честа да биде присутна на породувањето на нејзината пријателка. Се родило момче кое го крстиле Мајкл. За жал, мајката се разболела и умрела неколку месеци подоцна, а Никол изгубила секаков контакт со семејството и со бебето сè додека малиот Мајкл не станал нејзин ученик. Еден ден на часовите разговарале за сеќавања од детството, а Мајкл почнал да раскажува за моментот кога бил роден. Тој опишал детали кои само Никол би можела да ги знае, како на пример фактот дека возеле сив автомобил, песната која била во автомобилот, па дури и тоа дека се изгубиле на патот кон болницата.
3. Жена која го гледала сопственото раѓање
Една жена тврди дека се сеќава на своето раѓање. Таа ја опишува ситуацијата многу детално, и тоа од изгледот на просторијата, до нејзината мајка која се подготвувала да се породи.
„Одеднаш бев во една соба, ѕиркав помеѓу нозете на некоја жена и го гледав целиот пораѓај. Последното нешто што го паметам е дека собата беше темна и студена. Внатре имаше некои луѓе, но не знам кои. После ова само претпоставувам дека мојата душа „влегла“ во мене и бев родена.“
4. Баба му му помогнала да си го одбере телото додека биле во вселената…
Децата имаат многу бујна фантазија, но во нормални услови тие не можат да кажуваат факти за луѓе што не ги сретнале. Но, едно момче по име Каспер, ѝ кажало на мајка си дека разговарало со неговата баба Евелин. Таа починала долго пред да се роди Каспер и иако мајка му му кажала некои работи за неа, тој знаел за Евелин многу повеќе отколку што треба. Каспер ѝ рекол на мајка си:
„Пред да дојдам овде бев во вселената, каде што живее Евелин. Ја знаеш мамо, и ние те знаевме тебе.“
Потоа ѝ кажал дека таа му помогнала да го одбере ова тело, и му рекла да ѝ пренесе порака на мајка му:
„Доби подарок, а тој подарок е твојот син.“
5. Дедо Роберт го донел на Земјата…
3-годишниот Џони секогаш сакал да слуша приказни за неговиот прапрадедо. Една вечер тој ѝ рекол на мајка му да му раскаже за дедо Роберт. Излегло дека Роберт бил прадедото на Џони кој починал пред мајка му воопшто да се венча. Мајка му никогаш му немала спомнато за Роберт. Па, кога го прашала од каде го знае, тој ѝ одговорил:
„Па мамо, тој ме донесе на Земјата.“
6. Те сакам повеќе. Не, јас те сакам повеќе
Еднаш една жена си играла „Те сакам повеќе бидејќи…“ со својот 4-годишен син. Таа сметала дека победила бидејќи му рекла:
„Те сакам повеќе бидејќи те сакам повеќе од бесконечноста, два пати околу месечината, околу Марс и до секоја ѕвезда по патот назад.“
Но, неговиот одговор бил уште подобар:
„Мамо! Јас те сакам повеќе бидејќи јас те одбрав тебе додека бев во рајот!
7. Го одбрал гласот на неговата мајка
Сосема е нормално да бидете скептични за овие приказни. Една мајка се чувствувала исто, особено кога нејзиниот син почнал да ѝ раскажува за неговите искуства додека бил во матката. Таа сметала дека сето тоа биле креативни приказни бидејќи ѝ кажувал дека бил возбуден што е во нејзиниот стомак, се плашел да излезе, но на крај бил пресреќен која ја видел. Но, по некое време син ѝ имал проблеми со слухот и морал да оди на операција. Веднаш по операцијата таа почнала да му пее, а она што ѝ кажал ја натерало да верува во сите приказни:
„Мамо, твојот глас е толку убав! Ова е гласот кој го одбрав!“
8. Што е иднина?
6-годишниот Чејс сакал да му раскажува на семејството како изгледал рајот. За сите слики на кои бил претставен рајот тој велел дека не изгледа така. Според неговата баба, Чејс секогаш имал нешто интересно да каже, и еднаш ѝ рекол на мајка си:
„Те видов кога беше бебе во рајот. Беше многу слатка!“
Но најчудното нешто што ѝ рекол на баба му било:
„Бабо, сонував за мојата иднина синоќа… Што е иднина?“
9. Девојчето што го одбрало семејството пред да се роди
Постојат многу приказни за деца кои си го одбрале семејството пред да се родат. Едно мало девојче од 3 години ѝ рекло на мајка си:
„Мамо многу ми е мило што ве одбрав тебе и тато.“
Таа ѝ кажала дека пред да се роди ги гледала од горе и дека ги одбрала да ѝ бидат родители. Всушност, таа ја познавала и сестра ѝ пред да се родат, и ја одбрала и неа.
10. Живеење во вселената
Повеќето деца кои имаат вакви сеќавања, често кажуваат дека биле во рајот или во вселената. Едно момче по име Остин ѝ кажало на мајка си дека се сеќавал што се случувало пред да се роди. Она што е интересно е дека мајка му истражувала за вакви случувања пред тој да ѝ го спомне ова. Тој ѝ рекол:
„Кога живеев во вселената го погледнав моето тело и бев дух. Не очекував да дојдам на Земјата бидејќи беше огромна и цврста. Таму каде што бев беше неверојатно. Бев во вселената и видов и други души. Тогаш не можев да зборувам, немав уста. Знаев дека ќе дојдам во тебе и не ми беше страв. Се сеќавам дека душите беа сини. Ги видов сите планети и ја видов месечината. Сонцето не беше далеку од мене.“
11. Посета на плажа пред раѓање
Кога една мајка се подготвувала да го однесе своето малечко на плажа за прв пат, детето ѝ рекло дека веќе било на таа плажа:
„Мамо јас ја имам посетено таа плажа. Тоа беше одамна, пред да дојдам во твојот стомак.“
Прочитајте и за некои неверојатни случајности кои нема да ви се верува дека се случиле.