Вистински хит на Фејсбук: Урнебесен прирачник за преживување на викендот со четири деца

Вистински хит на Фејсбук: Урнебесен прирачник за преживување на викендот со четири деца

Мајките со деца знаат дека секојдневното приготвување оброци и чистење зад нивните најмали не е едноставна задача. Но, што се случува кога мајката ќе отпатува, а таткото треба да остане дома и да се справи со четирите деца? Писмото што му го оставила оваа мајка на нејзиниот сопруг е навистина реално и истовремено урнебесно смешно, па за кратко време стана вистински хит на Фејсбук и можете да го најдете тука. Прочитајте за што станува збор…

Вистински хит на Фејсбук: Урнебесен прирачник за преживување на викендот со четири деца

Најдраг мажу,

Ти го пишувам ова од љубов, не од страв. Сакав да ти напоменам неколку работи пред да појдеш на ова патешествие викендов сам… Со другите.

Вечерта, попладнето, утрото и периодот некаде околу пладне, лесно можат да се помешаат со вистински ПЕКОЛ, а Сатаната ќе се појави во форма на цртанот „Моето мало пони“ (My Little Pony).

Но, да почнеме од почеток…

Кога ќе стигнеш дома од работа, нема да ти биде толку лошо. Другите ќе те прегрнуваат, ќе скокаат околу тебе и пред сѐ, ќе бидат среќни што те гледаат. Но, ова ќе трае кратко… Ти ветувам. Другите ќе почнат да се караат за сѐ и сешто, а Квин и Пени ќе бидат главните иницијатори. Голема е веројатноста дека Квин ќе се лути затоа што Пени го носи нејзиниот Елса фустан, а Пени ќе биде подеднакво лута затоа што за Квин таа секогаш ќе биде Ана, а не Елса. Пени исто така ќе се кара пред спиење, но за тоа подоцна.

Вечерата ќе биде за никаде. Бејли ќе сака пица, а Харпер ќе бара хотдог. Квин ќе почне да плаче кога ќе го слушне зборот хотдог и ќе инсистира на макарони со сирење, но не на оние како спирали или како школки, туку како машнички. Ние нема да имаме макарони како машнички, па затоа таа ќе сака тост. Веќе си почнал да правиш макарони со сирење за Пени, но откако таа ќе слушне дека Квин сака тост, и таа ќе сака тост. На крај ќе ги фрлиш макароните, затоа што Бејли се разболе од стомачен вирус пред 5 години откако изеде макарони во форма на спирали, а Харпер повеќе ги сака оние во форма на школки. Исто така, заборави на Харпер затоа што другарка ѝ Лили „случајно“ ќе намине и ќе излезат надвор. Сите ќе јадат житарици за вечера, а Лили ќе дојде и ќе побара фластер.

Ќе сакаш да седнеш и да одмориш по вечерата/појадокот, но не ти го препорачувам тоа. Ќе стане тивко… Навистина тивко. Тогаш ќе сфатиш дека тинејџерката заспала некаде. Не ѝ дозволувај на тинејџерката да заспие! Тотално си зезнат ако се случи тоа. Ќе биде будна барем до 1:30 ако не внимаваш. А со оглед на тоа што треба да станеш во 5:00 наутро, ова не е баш идеална ситуација.

Одиме понатаму.

Лили е уште тука. Ќе се прашуваш каде по ѓаволите се нејзините родители. Знаеш исто колку и јас. Уште не сум ги запознала.

Време за спиење.

Со среќа, пријателе.

Пижами. Батали ги пижамите. Не се ни обидувај да ѝ облечеш нешто друго на Пени освен ноќница. А ако не можеш да најдеш ноќница за Пени, продолжи да бараш. Ќе ја побара ноќницата со Мини Маус, но откако ќе ја облече ќе почне да вика во агонија затоа што ракавите очигледно ѝ ги сечат рацете. Најди ја онаа со Елса. Шансите се дека е неверојатно нечиста, ама нема врска… И Пени е нечиста. Не можам да се сетам кога последен пат сум ставила сапун на неа.

Остави ја Пени да спие на каучот со тебе. Боже зачувај да заспие на некое друго место. Квин, Харпер и Бејли ќе си легнат безгласно. Само почекај малку. Само што ќе легнат во кревет, ќе сфатат дека нивните мали устиња горат и ќе се однесуваат како штотуку да поминале 500 километри низ Сахара. Ќе се симнуваат еден по еден, на секои 5 минути, по вода. Не му дозволувај никому да пие од розовата чаша со Елса на Квин. Ако таа случајно види такво нешто, ќе ги изгуби нервите.

На крај, ќе ја земеш Пени со тебе во кревет мислејќи дека тоа е добра идеја. Ха ха ха ха ха! Тоа е исто како да спиеш со професионален боксер.

Само обиди се да ја натераш да си легне. Дај ѝ го ајподот. Тоа ќе ти го спаси животот… Ти ветувам. Не заборавај да го намалиш гласот и светлината на екранот. Кога сме веќе кај светлината, не го заборавај дифузорот. Наполни го и додај 2 капки лаванда за смирување. Ако била навистина напорна дента, додади и темјан. Намести го светлото на ВИОЛЕТОВО. Те молам запомни дека треба виолетово. Ако го наместиш на сино, таа ќе се однесува како нејзините зеници да се изложени директно на сонце. Не го заборавај нејзиното шише со цуцла. Сериозно… Немој. Ќе се напие малку и ќе ти рече да го земеш. Ќе ти каже да го ставиш на нејзината ноќна масичка. Ќе те викне 5 минути подоцна за останатото. Ќе те викне ПАК за да го вратиш на ноќната масичка. Потоа, со сигурност, ќе се разбуди во 3 сабајле и ќе почне да вриска дека некој ѝ ја украл цуцлата. Само наполни го пак и моли се на Господ дека ќе заспие. И никако не го заборавај вентилаторот. Девојчето се поти како проститутка во црква која само што изела 12 хамбургери.

Појадок. Ха! Исто толку забавен колку и вечерата… Ако не и полош. Напиј се кафе. МНОГУ кафе. Ќе ти треба. Пени или ќе сака житарици или тост. Што и да правиш… Дозволи ѝ да си одбере лажица. Шансите се дека Квин ќе ја добие најдобрата лажица, а Пени ќе те убеди дека си ѝ ја дал најглупавата лажица од купот. Понекогаш ѝ давам виљушка за да ја откачам. Појадокот ќе биде толку за никаде што ќе заборавиш да јадеш и ќе почнеш да го чувствуваш тресењето од кофеинот.

Речиси е време за ручек. Почни да пиеш уште од сега.

Запени, исплакни, повтори. Се гледаме во недела.

А, да… Во случај да сакаше да завршиш што било викендов… Со среќа! Квин плаче на секои 5 минути и ќе помислиш дека хранопроводот на Пени гори секои 5 секунди. Постојано ќе треба да ѝ даваш течности, што доведува до повеќе одење во тоалет. Понекогаш оди сама, понекогаш е комплетно бескорисна и ќе се жали за сѐ. Понекогаш може да ти каже дека гаќичките не ѝ се згодни. Секогаш имај резервни гаќички. И затоа што ме натера да ги фрлам сите шишиња со цуцла, ми останаа само уште 2… Ќе ги изгуби и тие. Со среќа во потрагата!

Те бакнувам,

Жена ти.

Вистински хит на Фејсбук: Урнебесен прирачник за преживување на викендот со четири деца

Откако писмото беше објавено на Фејсбук пред неколку дена, споделено е повеќе од 100.000 пати и има повеќе од 50.000 коментари. Мајките од целиот свет ги пронашле своите деца во описите на нивните луди барања со кои тие се соочуваат секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар