Вистинската разлика помеѓу социопат и психопат

Вистинската разлика помеѓу социопат и психопат

Луѓето многу често мислат дека овие термини имаат исто значење, но вистината е дека многу се разликуваат. И социопатите и психопатите можат да бидат без емоции и манипулатори, но сепак постојат неколку разлики меѓу нив.

vistinskata-razlika-pomegju-sociopat-i-psihopat-kafepauza.mk

Што е социопат?

Социопат е личност со асоцијално нарушување. Ова нарушување не може да се дијагностицира додека личноста не наполни барем 18 години. Овие луѓе никогаш не се каат, можат лесно да лажат и не внимаваат на безбедноста на другите.

Што е психопат?

Психопатите се луѓе со посериозно психолошко нарушување од социопатите. Тие многу често имаат проблеми со законот и многу умешно се вклопуваат во општеството. Тие се одлични манипулатори и се злобни. Психопатите ги имаат сите особини на социопатите, освен асоцијалното однесување. Тие се нарциси и имаат неверојатен шарм. Овие луѓе не чувствуваат никаква емпатија и не се во можност да формираат длабоки врски.

Психопатите не се грижат за никој освен за себе, додека социопатите може да сакаат некого. И едните и другите се во можност да направат ужасни злодела и со нив треба да се постапува внимателно. Освен ако сте немале лично искуство, многу е мала веројатноста да препознаете психопат или социопат на улица.

Нема некоја причина за појавата на ова нарушување, но се поврзува со развивањето на мозокот. Додека социопатите се непредвидливи, психопатите се поголема закана. Психопатите ги отстрануваат сите емоции за да ја постигнат посакуваната цел.

Погледнете го и видеото кое ги објаснува разликите помеѓу психопатите и социопатите.

Погледнете и кои се најизразените карактеристики на психопатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар