Вистинската разлика помеѓу мажите и жените

Вистинската разлика помеѓу мажите и жените

Со цел да можеме да навлеземе подлабоко во начинот на кој размислуваат мажите и жените, како и да откриеме кои се разликите во нивните мисли, издвоивме два записа од дневниците на еден брачен пар. Тие запишале како поминал нивниот ден, а со тоа ни даваат и одлична слика за вистинската разлика помеѓу двата пола. Би сакале да кажеме дека би се изненадиле од тоа што ќе го прочитате, но сигурни сме дека веќе многу добро го знаете ова!

Вистинската разлика помеѓу мажите и жените

Извадок од нејзиниот дневник

Денес забележав дека мојот сопруг се однесува чудно. Имавме резервација за вечера во нашиот омилен ресторан и требаше вечерта да се сретнеме директно таму.

Отидов на шопинг со моите пријателки и малку задоцнив во ресторанот, но тоа беше целосно моја вина. Тој зборуваше помалку од вообичаено и можев да забележам дека нешто го мачи. Најпрво помислив дека се изнервирал од моето доцнење, но потоа сфатив дека најверојатно станува збор за многу подлабок проблем. Токму затоа и му предложив да се преместиме на место каде што нема толку гужва со цел да можеме да разговараме. Излеговме од ресторанот и влеговме во едно кафуле кое се наоѓаше во близина. Веднаш штом седнавме, го погледнав во очи и го прашав што не е во ред. Тој ги игнорираше моите емоции и рече дека сè било во ред. Токму затоа и продолжив да го прашувам да не сум јас виновна за неговото расположение, но тој постојано кажуваше дека не е вознемирен и дека немам причина за грижење.

Кога се враќавме накај дома, му реков „Те сакам“. Тој се насмевна, но продолжи да вози фокусиран на патот пред него. Сега навистина не можам да најдам објаснување за оваа ситуација. Зошто, зошто едноставно не ми кажа дека и тој мене ме сака? Кога стигнавме дома безбедно, јас бев уништена. Забележав дека тој одржува дистанца помеѓу нас и се однесуваше како воопшто да не постојам. Тој само седеше на каучот и ја гледаше неговата омилена ТВ серија. Му реков „Добра ноќ“ и отидов во кревет.

15-тина минути по мене, и тој влезе во нашата соба и се намести под ќебето. Брзо потоа заспа. Што се однесува до мене… Јас не можев воопшто да спијам бидејќи се обидував да сфатам што се случува со мојот сопруг. Чувствував како навистина да го губам. Мојот брак најверојатно ќе заврши… Целиот мој живот почна да се распаѓа!

Извадок од неговиот дневник

Денес не успеав да го запалам мојот мотоцикл. Изгледа нешто сериозно не е во ред со моторот, но не можев да сфатам точно што се случува. Мислам дека треба да го однесам на механичар…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар