Вистинската причина зошто некои луѓе хронично доцнат
И покрај тоа што голем број личности го сметаат пристигнувањето порано како доблест, многумина гледаат на него како на губење време. Секако, не е секогаш можно да пристигнеме навреме, бидејќи никој од нас не може да ги контролира сите екстерни околности. Но, поради некоја причина, одредена група луѓе изгледа без исклучок, постојано доцни. Постојат голем број причини за ова однесување, но најчестите вклучуваат…
1. Не е ефикасно. Да пристигнете порано значи и дека треба да чекате без да можете ништо друго да направите. Ова време за чекање е толку кратко што не можете да го посветите на никаков друг проект, бидејќи само што ќе започнете, тоа ќе истече и ќе мора да прекинете.
2. Тие се чувствуваат непријатно додека чекаат. На овие луѓе не им се допаѓа чувството кога треба да чекаат сами, помеѓу непознати личности. Тие можеби дури и чувствуваат дека случајните минувачи ги гледаат и осудуваат, без разлика дали тоа навистина се случува или не.
3. Доцнењето може да покрене позитивни емоции. Доцнењето неколку минути може да предизвика да се чувствувате гордо и со голема самодоверба, додека пак, подранувањето може да направи да се чувствувате будалесто. На пример, ако на љубовен состанок пристигнете навреме или само неколку минути порано или подоцна, тоа ќе биде сфатено како добар знак од страна на личноста со која се сретнувате. Но, доколку пристигнете премногу рано, вие одеднаш почнувате да се грижите да не помислат дека сте очајни…
4. Не постои никаква придобивка од подранувањето. Времето им е бесценето на сите, па токму затоа и треба да покажете дека го цените така што ќе бидете точни. Но, од друга страна и на оние кои доцнат времето им е бесценето, па тие повеќе би сакале да го искористат продуктивно. Доколку подранат и чекаат, тие сметаат дека времето било залудно потрошено.
5. Тие не ја поврзуваат љубезноста со подранувањето. Особено доколку треба да посетат нечиј дом, тие ја ценат приватноста на оваа личност, па токму затоа и не би сакале да им ги расипат сите потенцијални планови кои ги имале пред да се договорат со нив, па затоа наместо порано, одбираат да пристигнат малку подоцна.