Вистинска приказна преточена во поезија: Но ти не го стори тоа
Ова е една илустрирана поема базирана на вистинска приказна, која сосема ќе ве трогне.

Се сеќаваш на оној ден,
Кога ми ја позајми твојата нова кола, а јас ја удрив?
Мислев дека ќе ме убиеш.

Но ти не го стори тоа.

Се сеќаваш на оној ден,
Кога ја повратив питата од јагоди врз твојот нов тепих?
Мислев дека ќе ме замразиш.

Но ти не го стори тоа.

Се сеќаваш на оној ден,
Кога те одвлечкав на плажа,
А почна да врне, да истура, баш како што рече ти?

Мислев ќе ми речеш: „Ти реков“.
Но ти не го стори тоа.

Се сеќаваш на оној ден,
Кога флертував со сите момци за да те направам љубоморен,
И ти стварно стана љубоморен?
Мислев дека ќе ме оставиш.

Но ти не го стори тоа.

…

Се сеќаваш на оној ден,
Кога заборавив да ти кажам дека треба да се облечеш покласично за забавата,
Па ти дојде со фармерки?

Мислев дека ќе ме напуштиш.

Но ти не го стори тоа.

…

…

Да, имаше многу работи кои не ги направи.

Туку ме трпеше,

Ме сакаше,
Ме заштитуваше.

Имаше многу, многу работи за кои сакав да ти надоместам,

Кога ќе се вратеше од Виетнам.

…

…

Но, ти не го стори тоа.

Авторот на оваа поема беше обична Американка, чиј маж беше повикан да служи војска и замина на бојните полиња во Виетнам кога нивната ќерка имаше 4 години. Од тој момент па наваму, таа и нејзината ќерка се имаа само една со друга.
Подоцна, нејзиниот маж за жал почина на бојното поле. Таа остана вдовица и на крајот умре од старост.

Кога нејзината ќерка ги средувала нејзините посмртни остатоци, таа ја открила оваа поема која ја напишала нејзината мајка за нејзиниот татко уште тогаш. Била насловена: „Но ти не го стори тоа“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.