Вистинска приказна: Човекот со виолината

Вистинска приказна: Човекот со виолината

Оваа приказна е според вистинска случка. Одвојте време да ја прочитате…

vistinska-prikazna-chovekot-so-violinata-kafepauza.mk

Човек седел во метро станица во Вашингтон и почнал да свири на својата виолина. Било студено јануарско утро. Исвирел 6 дела од Бах во времетраење од 45 минути. За тоа време, со оглед на тоа дека било во шпиц-период, пресметано е дека поминале 1.100 луѓе низ станицата, повеќето од нив одејќи на пат накај работа.

После 3 минути, еден средовечен маж забележал дека има музичар кој свири. Го забавил своето темпо, застанал на неколку секунди, и потоа повторно побрзал да го фати својот превоз.

После една минута, виолинистот го добил својот прв бакшиш од еден долар, жена му фрлила пари во кутијата и без да сопре, продолжила да оди.

После неколку минути, некој човек се потпрел на ѕидот да го слуша, но потоа погледнал во својот часовник и повторно почнал да се движи. Очигледно брзал за на работа.

Оној кој обрнал најмногу внимание било едно 3-годишно момче. Бил со мајка му, брзале, но детето запрело да го погледне виолинистот. Конечно, мајка му посилно го повлекла, и детето продолжило да оди, но со главата постојано свртена позади. Ова се повторило со уште неколку други деца. Сите родители, без исклучок, ги брзале да продолжат да се движат.

За 45 минути додека музичарот свирел, само 6 луѓе застанале и останале некое време. Околу 20 му дале пари, но продолжиле да се движат со нормално темпо. Собрал 32 долари. Кога завршил со свирење и настапила тишина, никој не ни забележал. Никој не му аплаудирал, никој не му оддал признание.

Никој не знаел, но виолинистот бил Џошуа Бел, еден од најталентираните музичари во светот. Тој само што отсвирел некои од најкомплексните дела воопшто напишани, на виолина која вреди 3,5 милиони долари.

Два дена претходно, тој свирел пред комплетно распродадениот театар во Бостон, каде што просечно картата чинела 100 долари.

Ова е вистинска приказна. Џошуа Бел свирел инкогнито во метро станицата во организација на Вашингтон Пост како дел од социјален експеримент за перцепцијата, вкусот и приоритетите на луѓето.

Главните поенти од ова искуство се:

Во вообичаена средина, во несоодветен час:

  1. Дали ја забележуваме убавината?
  2. Дали запираме за да ја цениме?
  3. Дали го препознаваме талентот во неочекуван контекст?
Заклучокот е:

Ако немаме еден момент да застанеме и да слушнеме како еден од најдобрите музичари во светот свири едни од најдобро компонираните музички дела, тогаш колку други нешта исто така пропуштаме?

Научете да застанете и да ги помирисате розите одвреме-навреме. Никогаш не знаете што можете да пропуштите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар