Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

Некои раси на кучиња постоеле стотици години, но не биле онакви какви што ги знаеме денес. Во 1915 година била направена класификација на „расните кучиња“ во книгата „Breeds of All Nations“ и оттогаш па наваму луѓето ги одржувале овие раси, со цел да направат подобри и посовршени кучиња. Тие сакале нивните домашни миленичиња да бидат поубави, поатлетски и повеќе да одговараат на нивните „стандарди за расите“ и токму затоа секое куче го пареле само со она од неговиот „вид“, дури и ако тоа подразбирало парење со своето семејство. Но, овој пристап го направил токму спротивното и преку генетската мутација и манипулација, денешните кучиња се само сенки на своите предци. Сите кучиња со педигре станале вродени мутанти, склони кон генетски дефекти и нарушувања кои водат до живот исполнет со болка, па дури и смрт.

Погледнете ги наредниве фотографии во кои може да се направи споредба на изгледот на кучињата денес со изгледот на оние од пред скоро 200 години…

1. Бул териерот бил атрактивно и атлетски градено куче. Но, со текот на годините неговата муцка мутирала и станала преголема за неговото лице што води кон проблеми со дишењето. Овие кучиња денес имаат и прекубројни заби и компулсивно го бркаат својот опаш.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

2. Басетот никогаш претходно не бил поблиску до земјата. Ова куче страдало од промени во страничните структури на неговите нозе, има одвишок кожа, проблеми со ‘рбетот, излезени очи кои се склони на ентропион и ектропион. Тие исто така имаат и предолги уши за својата големина.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

3. Боксерот денес има многу пократко лице со екстремно кратка муцка. Неговиот заден дел исто така е многу поспуштен отколку што би требало. Како и сите други кучиња со рамна глава, така и ова куче има проблеми со контролирање на својата температура на топло време и токму овој недостаток влијае врз неговата физичка перформанса. Боксерот исто така е многу склон на различни видови рак како и на напади.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

4. Англискиот булдог еволуирал во суштество кое е склоно на сите можни болести. Во една студија од 2004 година се открило дека просечен животен век на овие кучиња е 6,25 години. Тие исто така не се способни за парење без медицинска интервенција. Едноставно не постои здрав булдог.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

5. Јазовичарот, многу одамна, имал функционални нозе и врат кои биле соодветни за неговата големина. Грбот на ова куче и вратот сега се толку издолжени, што неговите гради се поместени нанапред, а нозете му се смалиле до тој степен што неговото тело е едвај над земјата. Постои голем ризик од болеста на меѓупршленски диск која може да резултира со парализа. Тие исто така се склони и кон ахондроплазија и голем број проблеми со нивните нозе.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

6. Германскиот овчарски пес мутирал во куче кое едвај може да оди, во споредба со неговиот предок. Ова куче било големо и со многу мускули кое можело да трча и скока без никакви проблеми. Денес, Германскиот овчарски пес е аглест, има проширени гради, повлечен е наназад и спаѓа во атаксичните видови. Овие промени кај ова куче немаат никаква цел и само го повредуваат и уназадуваат кучето.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

7. Бернандинецот отсекогаш бил големо куче, но модерната верзија од него е исклучително зголемена со набиено лице навнатре и има премногу вишок кожа. Кучето многу брзо се прегрева и не може да се движи правилно. Најчестите болести кои го напаѓаат овој вид се ентропион, ектропион, парализа, хемофилија, остеосарком, афакија и недостаток на фибриноген.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

8. Мопсот е уште едно куче кое со селективното парење еволуирало во вид со рамна глава (неговиот нос е набиен наназад во лицето) и ги има сите проблеми кои доаѓаат со оваа состојба како висок крвен притисок, недоволно примање на кислород, проблеми со дишењето, тенденција за прегревање, проблеми со забите и кожата. Дури и превитканата опашка е всушност генетички дефект, која во посериозни облици доведува до парализа.

Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

И што се случува со новите кутриња кои не одговараат во овие смешни (и најчесто штетни) стандарди на расите? Тие само затоа што не изгледаат „совршено“ се отфрлени и доколку никој не ги посвои се стерилизираат или стануваат жртви на евтаназија. Доколку сакате да направите промена, посвојте кутре мелесче кое со сигурност ќе биде во подобро здравје од сите останати кучиња со „педигре“. Престанете да бидете дел од измачување на кучињата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар