Висока мода за домашни миленици
Автор: Ема Јакимовска
Ентони Рубио е моден дизајнер, роден во Њујорк. Растењето во време на најбунтовните и најекспресивните периоди од развојот на модата, му помогнало да го оформи неговиот уникатен и впечатлив стил кој тој денес го применува во своите креации. Со завршено формално образование во областа на модниот дизајн и со дваесетгодишното искуство зад себе, Рубио решава да експериментира и да го отвори патот за креирање нов вид мода – висока мода за домашни миленици.Неговите креации се сметаат за вистинска уметност. Ремек-делата што тој ги создава се резултат на безброј часови работа и желба да се создаде нешто ново и совршено. Со својата бескрајна работа и труд, во 2012-та година, Рубио дури успева да стане првиот моден дизајнер кој изложува креации за домашни миленици, на модната недела во Њујорк.
Само најсреќните домашни миленици ја имаат честа да ги носат уникатните парчиња облека на овој познат моден дизајнер. Во креациите на Рубио ќе видите вратоврски, фустани со тантела, карирани парчиња, везени палта и уште многу ексцентрични модни додатоци во минијатурни димензии, носени од слатките кученца, кои изгледаат неодоливо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.