Виртуелни тури во кои ќе уживате ако немате планови за патување во празничната сезона

Виртуелни тури во кои ќе уживате ако немате планови за патување во празничната сезона

Празниците се најубавото време за одмор со семејството и најблиските. Но, оваа година за многумина беше како ниедна друга. Иако повеќето од нашите планови за патување беа уништени штом започна годината, со текот на времето дојдовме до супер паметни алтернативи. Виртуелните тури станаа нешто важно и ни овозможуваат да посетуваме места од различни страни на светот што можеби никогаш не сме ги посетиле лично. Ако и оваа година ги откажавте плановите за патувања поради пандемијата и потајно посакувате да одморите некаде убаво, ние најдовме некои виртуелни тури за вас.

1. Карпите Мохер

Ако сте од оние луѓе кои не учествуваат во многу авантуристички работи, но го ценат тоа, тогаш ова е за вас. Сега можете да направите виртуелна обиколка на карпите Мохер во Ирска, дури и ако имате страв од височина.

Виртуелни тури во кои ќе уживате ако немате планови за патување во празничната сезона

2. Мачу Пикчу

Перу е толку убава земја и иако би сакале да ја посетиме, знаеме дека нема да се случи веднаш. Но, тоа не значи дека не е возможна виртуелна тура во Перу! Мачу Пикчу е историско место и едно од најубавите обележја низ целиот свет. Иако посетата на ова место можеби не е најдобрата идеја за секого, имајќи ги предвид високата надморска височина и стрмниот наклон, сепак може да направите виртуелна тура.

3. Катедралата во Милано

Ако некогаш сте посакале да се шетате по улиците на Милано во Италија и да ја посетите катедралата, а да не потрошите ниту еден денар, сега е вашата шанса. Виртуелната тура на катедралата, исто така, ќе ве однесе низ рестораните и дури и до градскиот плоштад што ја опкружува.

Виртуелни тури во кои ќе уживате ако немате планови за патување во празничната сезона

Прочитајте повеќе за најубавото зимско патување со воз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар