Винолед: Вашиот нов омилен летен десерт!
Добри вести за сите што уживаат во кутија вкусен сладолед и чаша добро вино во летните вечери! Да, да, добро прочитавте: Чаша вино! „Crossroad Company“ е еден семеен бизнис во Балтимор чии сопственици успеале да создадат прекрасен производ кој е комбинација од две вкусни работи: Одличен сладолед и домашно овошно вино.
Компанијата не е толку голема, но станала популарна со тоа што го служеле ова неверојатно задоволство на многубројни кулинарски фестивали и настани. Сопствениците на компанијата планираат да го развијат бизнисот и да го прошират на нови пазари во блиска иднина, со тоа што Виноледот ќе им биде достапен на сите преку онлајн продавници.
Тајното оружје на компанијата се нејзините весели и ентузијастични работници кои навистина си ја сакаат својата работа.
Креативноста на овие луѓе дефинитивно не познава граници, штом успеале да создадат таква необична алтернатива за традиционалниот млечен сладолед. „Crossroad company“ користат течен азот за инстантно да го замрзнат овој микс. Комбинацијата од вино и крем е збогатена со слатки овошки, а резултатот е вкусен, освежувачки десерт. Освен тоа, Виноледот доаѓа во повеќе вкусови, така што можете да го одберете оној во кој најмногу ќе уживате.
Но, внимавајте да не претерате! Една чашка Винолед содржи исто толку алкохол колку една чаша чисто вино.