Викториини водопади

Викториини водопади

Автор: Мандевска Бојана

Дали сте љубители на водопади, на убавата глетка која тие ја нудат или пак на симфонијата од природни звуци отсвирени од падот на водата? Можеби сте екстремен спортист кој ја обожава природата? Дали сте чуле за реката Замбези, или пак за Викториините водопади?

Викториини водопади

Викториините водопади се лоцирани во Јужна Африка на реката Замбези, која е граница помеѓу Замбија и Зимбабве. Се смета дека тие се едно од седумте чуда на природата. Доколку застанете на работ од реката, ќе бидете сведоци на спектакуларна глетка богата со возвишена и инспиративна убавина која ја нудат водопадите. Ако се послужиме со зборовите „Mosi-oa-Tunya“ на локалното племе „Kololo“ ќе добиеме име кое најдобро ги опишува овие водопади „чад што грми“.

Викториини водопади

Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач, вели „ова не се ниту највисоките, ниту најдлабоките водопади, но се најголеми.“ И да сте неколку милји оддалечени од водопадите, сепак сте во можност да видите како 546 милиони кубни метри вода паѓа од рабовите на водопадите во ширина од 2 км и 100 м длабочина. Поради широката базалтна карпа од која паѓа водата и уште неколкуте драматични клисури низ кои тече, водата ја претвора Замбези од широка и спокојна во дива и жестока река.

Викториини водопади

Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)

Викториини водопади

Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)

Кога се споменуваат Викториините водопади неопходно е да се спомене и „Базенот на ѓаволот“ како една од најпривлечните локални атракции во оваа област.

Викториини водопадиВикториини водопади

Областа на Викториините водопади е уште позната и како „Adventure Centre“ (Центар на авантурата) на Јужна Африка. Оваа област нуди добра забава и моќни адреналински предизвици за љубителите на екстремните спортови: банџи скокови, кајакарење по брзи води, „лебдење“ над водопадите, сафари, водени прошетки, риболов, прошетка со лавови, летање во балон на топол воздух, нуркање.

Освен „водените лудории“ кои ги нуди оваа област за екстремните спортисти, таа има забавни и интересни понуди и за помирните души – прошетки во природа, планинарење по локалните планини, пливање. Едноставно тука никогаш нема да ви биде здодевно.

Викториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопади

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар