Виетнамски мудрости кои ќе ве натераат да се замислите за важните нешта во животот
Одвреме-навреме налетуваме на мисли кои имаат моќ да нè погодат директно во срцето и да нè натераат да се замислиме за животот. Токму тоа го прават и овие 20 виетнамски мудрости кои откако ќе ги прочитате, веднаш ќе почнете да размислувате за вашите приоритети.
„Подобро е да бидете слепи со очите, отколку со умот.“
„Повеќе вреди да живеете и најбеден живот со своето семејство, отколку да живеете сами во изобилство.“
„Добриот карактер вреди повеќе од најубавото лице.“
„Сè додека човекот ја има својата глава на рамена, ништо не е изгубено.“
„Жената без маж е како брод без едра, а детето без татко е како раскрсница без патоказ.“
„Тревата е секогаш позелена на другата страна од ридот.“
„Иако бојата на златото е жолта, од неа често човековата душа поцрнува.“
„Мечот има само две острици, а јазикот ги има стотина.“
„На лажливецот не му се верува ни кога ја зборува вистината.“
„Малата пукнатина ќе потоне и голем брод.“
„Злобата секогаш се наградува со злобност.“
„Доволно е само да се обратите на доктор и тој веднаш ќе ви пронајде болест.“
„Ни целото знаење на мудреците не вреди толку колку мудроста на еден народ.“
„Лошиот компромис е подобар од добро судење.“
„Правењето добро е исто толку тешко како да се качувате на карпа, а правењето лошо е исто толку лесно како да се симнувате од карпа.“
„Човечкиот отров е исто толку отровен како десетици змии.“
„Чистата рака нема потреба од миење.“
„Будалата понекогаш може и на мудриот да му даде совет.“
„Добриот почеток е половина од битката.“
„По невремето доаѓа сонце.“