Вие сте важни: Писмо кое секоја жена треба да го прочита

Вие сте важни: Писмо кое секоја жена треба да го прочита

Деновиве на Интернет се појави интересно и моќно писмо кое нема да ве остави рамнодушни. Станува збор за порака која ќе ве потсети на вашата важност и вредност, како и на причината зошто сте си доволни самите себеси. Прочитајте го и потсетете се на важните нешта во вашиот живот!

Вие сте важни: Писмо кое секоја жена треба да го прочита

Вие сте важни. Ако никој не ви го кажал тоа денес, ние во овој момент ви го говориме – Вие сте важни! Вашите мислења се важни. Начинот на кој го гледате светот е важен. Зборовите кои ги држите во себе бидејќи се плашите да ги изговорите се важни. Вашиот глас е важен!

Вашите чувства се важни. Тие не се ниту претерани, ниту пресилни. Не се нереални, луди или наивни. Тие се ваши. Тие се вашата длабочина и затоа се важни. И вашите мисли се важни. Исто како и гласовите во вашата глава, малите луди нешта кои ви поминуваат низ умот пред да заспиете. Важни се и оние нешта кои во тајност ги размислувате бидејќи ви е премногу непријатно да ги кажете некому. Вашиот ум е важен!

Да не заборавиме и на вашето срце. Важно е тоа за што чувствувате страст. Сè што ве поттикнува е важно, без разлика што другите мислат за тоа. Вашата страст е ваш повик, и вашиот повик е важен без разлика за што се работи. Вашите соништа се важни. Тие не се невозможни, ниту детинести, ниту неамбициозни, ниту пак за секого. Вашата визија е важна. Важен е и начинот на кој сакате да живеете. Дури и вашите соништа да се луди, вашата лудост е важна!

Вашиот пат е важен. Тргнете кон патот по кој сакате, возете го автомобилот кој сте го избрале, возете на начин во кој уживате и слободно исфрлете ги сите непосакувани патници од него. Вашиот пат е важен, вашата насока е важна. Исто како и вашите проблеми. Препреките со кои секојдневно се соочувате ја градат вашата силина. Сите исплакани солзи ќе ги измијат негативностите и ќе ве зајакнат. Вашите солзи се важни!

Вашата среќа е важна. Важни се и деталите кои ги откривате во радоста. Едноставните нешта поради коишто се смеете. Важни се и моментите кои ви го одземаат здивот. Треба да ги барате, но и да ги пронајдете. Вашата насмевка е важна. Исто како и вашето постоење. Тоа не е случајно, тука сте бидејќи имате ваша приказна и тука сте за да оставите траг. Вие сте важни! Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. Можеби тоа сте го заборавиле бидејќи сте опколени со луѓе кои прават да не се чувствувате важно, но треба да знаете дека сте си доволни самите себеси и дека ништо друго освен вас не е важно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар