Вие сте дел од најсреќните луѓе во светот, но можеби не сте свесни за тоа
Кога последен пат сте имале лош ден и сте помислиле дека и вашиот живот е еднакво лош? Во тие моменти корисно е да се потсетите колку сте благословени и дека огромен број луѓе ширум светот не се ни приближно толку среќни. Еве зошто вие сте дел од среќниците и зошто на овој факт треба да му се радувате повеќе.
1. Живи сте.
2. Вчера не си легнавте со гладен стомак.
3. Утрово се разбудивте со покрив над главата.
4. Можете да ја чуете песната на птиците и вревата што ја прават брановите.
5. Денес немате причина да се плашите за вашето здравје и вашата безбедност.
6. Сте излегле живи од многу животни предизвици и сте научиле важни лекции.
7. Силни сте и здрави – ако се разболете лесно ќе оздравете.
8. Често се грижите за вашиот живот – вашата кариера, обврските на работа и дома, за следниот ваш чекор и слично, што значи дека имате амбиции, планови, се стремите кон нешто, водени сте од страста и од можноста да донесувате одлуки самите за себе.
9. Кога ќе излезете го чувствувате ветерот низ вашата коса и топлината на сонцето на вашата кожа.
10. Живеете во земја која ги штити вашите човекови права и слободи.
11. Кога ќе го отворите плакарот имате избор на облека која може да ја носите.
12. Сте го вкусиле прекрасниот вкус на чоколадна торта.
13. Имате пријатели и роднини на кои им недостигате и кои не можат да ја дочекаат наредната средба со вас.
14. Имате некој со кого може да зборувате и да се смеете сеќавајќи се на старите добри денови.
15. Знаете да читате.
16. Имате пристап до чиста вода за пиење.
17. Овозможена ви е медицинска грижа и заштита.
18. Имате пристап до интернет.
19. Може да го гледате изгрејсонцето и зајдисонцето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.