Видео кое секој треба да го изгледа: Погледни нагоре
Живееме во време на интернетот и социјалните мрежи каде што лесно може да се стапи во контакт со сите. Но, дали некогаш сте се запрашале што точно значи овој брз и лесен контакт? Социјалните мрежи ни прават илузија дека ние сме поврзани со сите, но реалноста е нешто сосема спротивно. Како што поминува времето така сѐ повеќе и повеќе луѓе се кријат позади технологијата и се изолираат во мал и затворен простор далеку од сите. „Зошто да одам на кафе со пријателите, кога можам да комуницирам со нив од удобноста на мојот кревет“ – би помислиле. Но, зарем никогаш не ви паднало на памет дека доколку баш тој ден не излезете од дома би можеле да пропуштите нешто многу важно?
„Look Up“ е видео-лекција која нѐ учи на нешто многу важно преку приказната за вистинската љубов, во свет каде што континуирано се обидуваме да најдеме начини како полесно да се поврземе со другите, но за жал секогаш завршуваме поминувајќи многу време сами. Погледнете го ова видео кое ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже дека е време да погледнете нагоре…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.