Видео кое го обиколи светот: Момче го снимило породувањето на неговата мајка на предното седиште во автомобилот
Оваа храбра мајка не успеала навреме да стигне до болница, а неверојатното породување во движење го снимил нејзиниот десетгодишен син.
Мајката на три деца, Руди Напиер од Невада, го родила своето четврто дете на предното седиште во автомобилот, додека нејзиниот син успеал сѐ да фати на камера.
Автомобилот го возел нејзиниот сопруг Мајк Адисон, кој, како што гледаме, упатувајќи се накај болницата, истовремено ѝ пружа поддршка и утеха, додека одзади се возат не едно, туку три деца. Меѓу нив е Џејдан кој сакал да направи видео од патувањето кон болницата, не планирајќи притоа да го овековечи раѓањето на неговата сестра.
„Имам направено многу работи на предното седиште од автомобилот, но да седам покрај жена која се пораѓа, додека другите деца плачат позади, тоа не сум го ни очекувал“, напишал таткото во статус на Фејсбук споделувајќи го видеото.
Од видеото можеме да видиме дека Руди во еден момент сфаќа дека нема да издржи до болницата и веќе за некоја минутка го држи своето новородено бебе во прегратка.
Подоцна Мајк објавил и фотографија со која ни потврдува дека и мајката и бебето се здрави и среќни. Тој вели: „Нашето четврто дете! Но, повторно се чувствуваме како да ни е прво.“
Погледнете го и ова видео: Дали ова бебе е иден олимписки пливач? Погледнете го само како лесно плива и нурка!