Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Базенот во одморалиштето Сан Алфонсо дел Мар во градот Алгаробо во Чиле, во себе содржи 250 милиони литри чиста морска вода со што го држи рекордот за најголем базен во светот. Кристалната лагуна во Чиле е доволно голема за едрење, а има и своја сопствена вештачка плажа.

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Тука едно нуркање може да се претвори во вистински маратон, бидејќи најголемиот базен на светот е голем колку 20 Олимписки базени. Неверојатните димензии на овој базен (должина од 1.012 метри), го сместија на второто место базенот Ортхлиеб во Мароко (со должина од 480 метри). Исто така тој го држи Гинисовиот рекорд и за најдлабок базен во светот (35 метри).

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Базенот е отворен во декември 2006 година, скоро пет години по почетокот на градежните работи, а за неговата изградба се потрошени околу 1 милијарда фунти. На годишно ниво, за негово одржување се потребни околу 2 милиони фунти.

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Огромниот базен ја користи водата директно од Тихиот Океан, со помош од компјутерски контролиран систем за вшмукување од океанот и филтрирање на водата. Водата може да достигне температура до 26°C степени, што е за девет степени повеќе од маскималната температура на водата која може да ја има океанот. Неговата тиркизна вода е толку кристално бистра, што може да се види дното на базенот, дури и во неговите најдлабоки делови.

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Чилеанскиот биохемичар Фернандо Фишман, кој е сопственик на корпорацијата „Crystal Lagoons“ што го дизајнираше овој базен, рекол дека современото инженерство ù овозможило на неговата компанија да создаде „импресивен вештачки рај“ дури и во негостољубивите места. За одржувањето на базенот се користат многу малку хемикалии.

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

Сé додека имаме пристап до неограничените океански води, базенот може да постои и притоа да не предизвика никаква штета на океанот.“ – додава тој

Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?Ви се плива ли во најголемиот базен во светот?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар